Lactobacillus reuteri претставува пробиотски сој што паралелно еволуирал со луѓето уште од самиот почетокот и заради тоа е прилагоден на својот домаќин. L. reuteri е меѓу првите бактериски видови што природно се воспоставиле во нормалната микробиота на новороденчето.
Пробиотските производи на BioGaia со L. reuteri спаѓаат во најдобро научно документирани пробиотици во светот во однос на ефикасноста и безбедноста. До денес, ефикасноста и безбедноста на различните соеви L. reuteriсе од BioGaia се документирани во 184 клинички студии кај 15.500 луѓе од сите возрасти. Резултатите се објавени во 159 трудови во научни списанија (февруари 2018 година). Прочитајте повеќе за Lactobacillus reuteri -> врска до L. reuteri

Lactobacillus reuteri Protectis претставува сој од видот Lactobacillus reuteri кој е тестиран во повеќе од 137 клинички испитувања кај луѓето. Се користи во производи како што се капки за бебиња и таблети за џвакање. Неговата научна ознака е Lactobacillus reuteri DSM 17938.

Бактериите се во состојба на мирување и се активираат и стануваат целосно метаболички активни кога доаѓаат во контакт со плунката. Кога ќе стигнат до стомакот, тие можат да започнат да се колонизираат.

Производите што содржат неколку соеви не мора да имаат подобар ефект од производите со единечен сој. Најважно е што сојот или соевите ја покажаа својата клиничка ефикасност во клиничките студии.

Производите на BioGaia содржат соеви од човечко потекло кои природно ги колонизираат луѓето и затоа се со поголема веројатност да имаат позитивен ефект врз здравјето на луѓето.

Називот BioGaia е составено од два збора, „Bio“ и „Gaia“. „Bio“ означува живот и живи организми, природни, биолошки истражувања и еколошки системи. „Gaia“, според грчката митологија, е божица, создавач на целиот живот, сестра на Ерос и персонификација на Земјата.

производите на BioGaia се чуваат на суво место и на собна температура до 25 °C степени. Да се чуваат на места  недостапни за деца

Капките BioGaia Protectis се достапни во две различни верзии, затоа препорачуваме да прочитате што е наведено на пакувањето. Меѓутоа, доколку Вашата собна температура е над 25 °C, препорачуваме сите капки да се чуваат во фрижидер.

Изложеноста на високи температури и/или висока влажност ја забрзува деградацијата на пробиотските бактерии. Доколку изложувањето е предолго, тоа ќе резултира со пократок рок на траење на производот, но производот ќе биде уште безбеден за употреба.

Капките за бебиња BioGaia Protectis не треба да се чуваат во замрзнувачот. Во замрзнувачот суспензијата од масло ќе се зацврсти, а пробиотските бактерии ќе бидат изложени на вода. Овој процес сериозно го скратува рокот на траење на производот.

 Не е од суштинско значење под какви услови се користат таблетите. Важна е редовноста на примањето.

Да, капките може да се мешаат со мајчино млеко и/или формула. Единствено што треба да се земе предвид при додавање на капките во течности е температурата. Не додавајте во течности потопли од 37 °C. Доколку додавате во течности, консумирајте ги задолжително истиот ден

a.    Добро протресете 10 секунди пред секоја употреба за да ја измешате културата на бактерии со маслото.
б.    За да ги диспензирате капките, навалете го шишенцето и дајте со лажица.
в.    Користете 5 капки еднаш дневно.
Не додавајте во топол пијалак или храна бидејќи тоа може да ги оштети живите бактерии

Препорачаната дневна доза на Lactobacillus reuteri Protectis изнесува 100 милиони CFU (Единици за формирање колонија) или 10^8 CFU. Оваа доза ја добивате со консумирање на 1 таблета BioGaia Protectis или 5 капки од капките BioGaia Protectis

Нели треба да биде повисока кај возрасните? Препорачаната доза на пробиотик не зависи од телесната тежина. Клиничките студии на BioGaia покажуваат ефикасност со иста доза и кај деца и кај возрасни.

Врз основа на резултатите од клиничките студии, нивото на доза од 100 милиони CFU на ден е избрано како безбедна и ефикасна доза на Lactobacillus reuteri Protectis. 

Да, бидејќи нивото во цревата се исцрпува во рок од околу една недела по прекинување на употребата. Постојаната  микрофлора на секој човек се движи во релативно постојани граници и со тоа е многу отпорна на примање „новодојденци“. Дури и типичните бактерии како Lactobacillus reuteri треба да се земаат редовно, бидејќи повеќето луѓе од современото општество не добиваат колонизација од Lactobacillus reuteri додека се бебиња. Со редовно земање пробиотици од BioGaia, Вие го одржувате вкупното дневно снабдување со лактобацили

 Тешко е да се даде точен одговор, бидејќи причините за земање пробиотски додаток се многу, а составот на секоја цревна бактерија е уникатен. Доколку сте загрижени во врска со Вашето здравје или здравјето на Вашето бебе, секогаш советувајте се со професионалец од полето на здравството.

Секоја таблета за џвакање BioGaia® содржи само 1,1 калорија.

Точките не се опасни, а производот сè уште може да се користи. Таблетите BioGaia содржат аскорбинска киселина, што претставува антиоксиданс што придонесува за стабилноста на таблетите. Со текот на времето, аскорбинската киселина оксидира, а бојата станува потемна. Ова потемнување се гледа како мали „точки“ на таблетата.

Клиничките студии покажаа дека капките BioGaia Protectis се безбедни да се даваат од денот на раѓање.

Извршени се неколку студии за безбедност што вклучуваа новороденчиња (вклучително и предвремено родени бебиња), мали деца, возрасни, постари лица и имунокомпромитирани (вклучително и ХИВ-позитивни). Во ниту една од овие студии, Lactobacillus reuteri Protectis не покажа несакани ефекти, дури и кога се внесувал во дози кои биле далеку над нивото содржано во производите BioGaia®. Кај одредени индивидуи единствено е забележано привремено и мало зголемување во стомачни гасови.

Нашите производи може да бидат корисни во комбинација со, на пример антибиотици, бидејќи истите помагаат да се одржи балансирана микробиотата на цревата.

Пробиотиците претставуваат добри бактерии кои можат да се најдат во храната или додатоците. Дефиницијата е „живи микроорганизми кои, кога се внесуваат во соодветни количини, му обезбедуваат здравствена придобивка на домаќинот“ (СЗО/ФАО, 2002 година). Важни критериуми за квалификација како вистински пробиотик е во тоа што здравствените придобивки треба да бидат докажани во клинички испитувања. Понатаму, еден пробиотски производ мора го содржи истиот бактериски сој(еви) и истата доза што се користела во клиничките испитувања.
Прочитајте повеќе за пробиотици

BioGaia им нуди на потрошувачите ширум светот клинички докажани, патентирани и лесни за користење пробиотски производи. Меѓутоа, заради регулаторната состојба не можеме да го комуницираме ефектот од нашите производи или да тврдиме здравствени придобивки. Во Европа употребата на прехранбени и здравствени побарувања е регулирана од страна на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) и заклучно со денес нема никакви одобрени здравствени побарувања во однос на пробиотиците. Доколку сакате да дознаете повеќе за пробиотиците и ефектот од добрите бактерии, препорачуваме да контактирате со професионалец од полето на здравството.

Пробиотиците претставуваат живи микроорганизми кои, кога се внесуваат во соодветни количини, придонесуваат за здравјето на домаќинот. Пребиотиците претставуваат несварливи состојки на храната што го стимулираат растот на бактериите во дигестивниот систем на начини на кои се тврди дека се корисни за здравјето.

Различни пробиотски производи содржат различни соеви на пробиотици. Ова значи дека еден пробиотски производ со Lactobacillus reuteri, на пример L. reuteri NCIMB 30242, не е еднаков на друг пробиотски производ што содржи уште еден сој на Lactobacillus reuteri, на пример L. reuteri DSM 17938. Ова е причината зошто бактериите мора да бидат дефинирани и тестирани во клинички испитувања на ниво на сој.

Производите што содржат неколку соеви не мора да имаат подобар ефект од производите со единечен сој. Најважно е што сојот или соевите ја покажаа својата клиничка ефикасност во клиничките студии.

Contact

Оставете ни порака
*Задолжително поле

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.