<

Антибиотици - Пријатели или непријатели?

Среде зима сме и заради студеното време треба да поминуваме повеќе време во затворен простор, во близок контакт со други луѓе и сувиот топол воздух го тестира нашиот имунолошки систем. Некои случаи се полоши од другите, и доколку Вие или Вашите деца фатите сериозна бактериска инфекција, можеби ќе биде неопходна терапија со антибиотици.

Среде зима сме и заради студеното време треба да поминуваме повеќе време во затворен простор, во близок контакт со други луѓе и сувиот топол воздух го тестира нашиот имунолошки систем. Некои случаи се полоши од другите, и доколку Вие или Вашите деца фатите сериозна бактериска инфекција, можеби ќе биде неопходна терапија со антибиотици.

Среде зима сме и заради студеното време треба да поминуваме повеќе време во затворен простор, во близок контакт со други луѓе и сувиот топол воздух го тестира нашиот имунолошки систем. Некои случаи се полоши од другите, и доколку Вие или Вашите деца фатите сериозна бактериска инфекција, можеби ќе биде неопходна терапија со антибиотици. Сепак, антибиотиците можат да имаат негативни ефекти врз телото, особено врз цревата. Значи, постојат неколку работи што треба да ги знаете пред да започнете со третман и голем број начини на кои можете да го поддржите телото во овој период.

Што се антибиотици?

Зборот антибиотик може да се преведе и како „против животот“. За среќа, ова не се однесува на лицето кое ги зема, туку на живите микроби или патогени микроорганизми. Антибиотиците се користат за да го инхибираат растот на бактериите одговорни за бактериските инфекции во организмот. Сепак, важно е да се запамети дека антибиотиците не се ефикасни против вируси како што е обична настинка или грип.

Антибиотиците ја револуционизираа модерната медицина на 20-иот век и се основни лекови што спасуваат животи. Сепак, нивната ефикасност и лесен пристап доведоа до нивна прекумерна употреба, што резултираше со тоа што одредени бактерии започнаа да развиваат отпорност на антибиотици. Антибиотиците треба да се земаат единствено кога се препишани од страна на лекар во согласност со вклучените упатства и не треба да се сметаат како решение за сè.

Покрај тоа, неопходно е да се запознаете со потенцијалните несакани ефекти пред да започнете со терапија со антибиотици. Упатствата во пакувањето за секој тип антибиотици ги наведуваат сите чести или ретки несакани ефекти. Родителите на децата кои земаат антибиотици треба да се информираат за да можат што побрзо да препознаат какви било несакани ефекти.

Антибиотиците и цревата

Како што спомнавме погоре, антибиотиците се исклучително добри во она што го прават, уништувајќи ги или спречувајќи ги да се размножуваат бактериите што предизвикуваат болест, така што телото може да се одбрани. Всушност, би можеле да кажете дека тие се скоро премногу добри во нивната работа. Тоа значи, антибиотиците не се во можност да направат разлика помеѓу целните патогени и ендогената микрофлора. Тие влијаат врз сите бактерии со кои се среќаваат. И кога природната микрофлора на телото ќе биде засегната од антибиотиците, тоа може да влијае и врз гастроинтестиналниот тракт, што може да резултира со несакани ефекти.

Како што антибиотиците не можат да прават разлика помеѓу штетните и ендогените бактерии, тие исто така не можат да прават разлика и помеѓу различните делови од телото и така се борат со бактериите секаде каде што ќе дојдат во контакт. Заради оваа причина, може да бидат засегнати и други делови од телото кои имаат свој микробиом.

Како може да си помогнеме

Нема сомнение дека антибиотиците се неопходни во многу случаи и дека земањето антибиотици е најдобриот начин за брзо враќање на здравјето. Но, како што можете да видите, не е секогаш лесно за Вашето тело. Затоа, додека земате терапија со антибиотици би можело да биде добро да му обезбедите дополнително внимание на Вашето тело во форма на производи наменети за микрофлората. Живите микроби како што се бактериите на млечна киселина L.Reuteri Protectis можат да помогнат да се обноват изгубените бактерии со колонизирање на цревната флора со добри микроби. И со оглед на тоа што 80 % од Вашите имуни клетки се наоѓаат во цревата, не може да се наштети со тоа што ќе ја надополните природната микробиота во гастроинтестиналниот тракт за време на овој тежок период.

Капките кои содржат L.Reuteri Pretectis се наменети за малите деца, додека таблетите за џвакање се наменети за деца над 3 години и возрасни. Тие исто така содржат пробиотици од типот L.Reuteri Protectis. Се препорачува да се земаат два до три часа пред или по дозата на антибиотици, за да им се даде шанса да стигнат до цревата. Кога се земаат во оваа комбинација, антибиотиците можат да продолжат со својата работа додека бактериите на млечна киселина одржуваат соодветна концентрација во цревната микрофлора.

Покрај тоа, можете да го поддржите обновувањето на природните бактерии уште повеќе со додавање на одредени намирници во исхраната, како што е киселата зелка, ферментиран зеленчук или кефир. Исто така, важно е да се одржува телото добро хидрирано додека примате терапија со антибиотици. Ова не значи само вообичаените чај и вода, туку може да вклучува и течни супи (што е добра и лесна за стомачето).

И на крај, добро одморете. Честопати се чувствуваме подобро многу брзо откако ќе започнеме да земаме антибиотици, но вашето тело сè уште се бори со инфекцијата, затоа не заборавајте да одмарате колку што е можно повеќе. Ова не е секогаш лесно за зафатените мајки и може да биде предизвик навистина да одвоите време за целосно да оздравите, но направете сè што можете за да се одморите. Дури и доколку не можете да заспиете, лежете неколку минути или вежбајте длабоко дишење или медитација, тоа може да има прекрасен и освежувачки ефект. И, доколку имате мало дете што зема антибиотици, охрабрете го да спие неколку пати во текот на денот или поминете одредено време на читање со нив - слушањето на Вашиот смирувачки глас ќе му помогне да се опушти и ќе му дозволи на своето мало тело да се одмори.

Се надеваме дека нема да има потреба од антибиотици во Вашето семејтво оваа зима, но доколку се јави потреба, сега сте добро подготвени да го поддржите Вашето тело да си го врати своето здравје!

posts_form

Контакт форма