<

Бременост: Магично време, но не и без предизвици

Од моментот кога ќе дознаете дека ќе бидете мајка, започнувате да ги забележувате промените што се случуваат во Вашето тело. Додека се прилагодувате на носењето нов живот, ќе се појават одредени промени што ќе ги очекувавте, а ќе се појават и промени што нема да ги очекувате.

БРЕМЕНОСТ

Магично време, но не и без предизвици

Од моментот кога ќе дознаете дека ќе бидете мајка, започнувате да ги забележувате промените што се случуваат во Вашето тело. Додека се прилагодувате на носењето нов живот, ќе се појават одредени промени што ќе ги очекувавте, а ќе се појават и промени што нема да ги очекувате. Но, иако сите жени се надеваат на погуста коса и „сјајот на бременоста“, таа може да донесе и некои понепријатни симптоми. За среќа, во повеќето случаи, има многу начини со кои можете да се чувствувате поудобно во ова посебно време, за да можете да се концентрирате на врската меѓу Вас и Вашето неродено бебе.

Денес ќе разгледаме некои од најчестите тегоби, причините за истите и начини да се најде утеха за време на бременоста 

Дигестивни проблеми

Колку и да е магична бременоста, хормоналните флуктуации и фактот дека човек расте во Вас може да предизвика дигестивни проблеми. За некои, ова започнува со утринската мачнина (што патем, не е нужно да се случува наутро) што се јавува многу рано во бременоста, но за многумина, односно околу 40 % се гастроинтестиналните тегоби што се задржуваат до крај на бременоста. Некои чувствуваат надуеност и гасови во попладневните часови и навечер или доживуваат ждригавица кога легнуваат да спијат. Другите можеби не се толку „редовни“ како пред бременоста и имаат тврди столици, правејќи го одењето во тоалет непријатно искуство.

Додека начинот на живот, хидратацијата, движењето и исхраната може да имаат значајна улога, исто така е важно да размислите за бактериите во гастроинтестиналниот тракт. Значи, освен да пиете многу вода, да применувате лесно вежбање, како што се одење или јога, и да јадете храна збогатена со растителни влакна, како зеленчук, овошје и житарки, би можеле да размислите и за земање пробиотски бактерии. 

Чување на силата

Иако повеќето мајки кои очекуваат би сакале да ги одморат нозете со шолја чај, реалноста е дека денешните мајки сè уште имаат многу работа и задачи додека да го донесат своето мало на свет - работа, други деца, прегледи од доктор, пренатални часови и уште колку ли само други работи. Лесно е да се изморите во ова време кога треба да водите грижа за себеси дури и повеќе од вообичаеното. Уште поважно е да направите сè што е можно за да го поддржите Вашиот имунолошки систем за време на бременоста.

Одамна е познато дека околу 80 % од нашите имуни клетки се наоѓаат во цревата. Па така, Вашиот гастроинтестинален тракт го сочинува најголемиот дел од линијата на одбрана на Вашето тело при неповолни услови. Но, можеби ќе биде потребна дополнителна нега за време на бременоста кога Вашиот имунолошки систем е во постојан флукс. Земањето пробиотски додатоци со Вашата исхрана може да помогне да се зголеми концентрацијата на природна микрофлора во гастроинтестиналниот тракт. 

Антибиотици за време на бременоста

Без оглед колку и да се трудите да го зајакнете Вашиот имунолошки систем, понекогаш се разболуваме, дури и ние супермајките. Доколку за време на бременоста се разболите од бактериска инфекција, антибиотиците може да бидат единственото решение за да се вратите на нозе. Доколку докторот Ви препише терапија со антибиотици за време на бременоста, неопходно е да ја надополните Вашата микробиота додека ги земате антибиотиците. Една мала напомена: Без разлика дали сте бремени или не, антибиотиците треба да се земаат само на совет од медицински професионалец и треба да се земаат како што е наведено во дадените упатства.

Додека антибиотиците се многу добри во уништување или инхибиција на патогените микроорганизми, истите не можат да направат разлика помеѓу „штетните“ и „безопасните“ бактерии. Како такви, антибиотиците исто така ги инхибираат и ендогените бактерии во цревата. Истражувањата покажаа дека пробиотиците се ефикасни во колонизирање на цревната флора. Како такви, додатоците што содржат живи микроби како Lactobacillus reuteri Protectis може да се земаат заедно со Вашите препишани антибиотици. Овие додатоци најефикасно функционираат кога се земаат два до три часа пред или по доза на антибиотици.

Здрава насмевка

Друг аспект за кој многу жени не размислуваат сè додека не дојде време, е оралното здравје за време на бременоста. За тоа време, хормоналните промени предизвикуваат зголемување на обемот на крв во Вашето тело. Додека ова е здрав и многу нормален дел од бременоста, може да влијае врз непцата и природната микрофлора во усната шуплина на мајката, особено помеѓу вториот и осмиот месец, со можен врв во третото тромесечје.

Бидејќи повеќето бактерии влегуваат во телото преку устата, устата исто така ја обезбедува првата линија на одбрана. Затоа е особено важно за бремените жени да практикуваат добра орална хигиена. Треба да ги четкате забите два пати на ден и да користите мека четка за заби за да бидете нежни врз чувствителни непца, како и да ги чистите забите со конец еднаш на ден. Здравата и балансирана исхрана исто така може да помогне да ја намалите количината на шеќер што ја внесувате. На крај, осигурете дека редовно го посетувате стоматологот, тој може да Ви помогне да ги забележите малите проблеми пред да се претворат во поголеми проблеми.

Како што споменавме претходно, овие промени на Вашето тело се нормален дел од Вашето патување низ бременоста, но се надеваме дека нашите совети ќе Ви помогнат да уживате во ова волшебно време уште повеќе. Важно е да зборувате со Вашиот доктор за какви било проблеми што може да ги имате за време на бременоста за да добиете совети прилагодени на Вашите специфични потреби.

posts_form

Контакт форма