<

"Лактобацили - “добри” бактерии и нивното влијание на Вагинален pH баланс"

Вагиналниот pH баланс е од големо значење за репродуктивното здравје на жените.Во вагината живеат над 50 вида бактерии кои се групираат во 15 семејства,а најголемото од нив е тоа на млечнокиселинските бактерии (лактобацили).Тие се Грам-позитивни бактерии кои се развиваат и размножуваат најдобро во средина со јаглени-хидрати.

Вагиналниот pH баланс е од големо значење за репродуктивното здравје на жените.Во вагината живеат над 50 вида бактерии кои се групираат во 15 семејства,а најголемото од нив е тоа на млечнокиселинските бактерии (лактобацили).Тие се Грам-позитивни бактерии кои се развиваат и размножуваат најдобро во средина со јаглени-хидрати.

Вагиналните лактобацили се опишани за прв пат во 1892 год. од Albert Doderlein и во негова чест се наречени “Бактерии на Додерлајн- Bacillus vaginalisDoderleini. Тие го разградуваат шеќерот (гликоген), кој под дејство на естрогените се натрупува во вагиналниот епител, до млечна киселина  со што се постигнува силно намалување на pH во вагиналната средина од pH 3.8 до 4.5 кое е од водечко значење за природната резистентност  на вагината.На тој начин лактобацилите ги забавуваат процесите на стареење на ткивата, го ограничуваат населувањето на вагиналната лигавица со патогена флора, го зголемуваат и ги поддржуваат локалниот ткивен имунитет и самозаштитните функции на вагината.Во основа целата вагинална лигавица е населена од  микроорганизми и навлезените од надвор микроорганизми стануваат конкурентни врзувајќи се  преку  рецептори за адхезија.

Друг продукт од метаболизмот на млечно-киселите бактерии е водороден пероксид кој е токсичен за редица патогени анаероби.Водородниот пероксид и пероксидазата во цервикалниот канал представуваат екстрацелуларен систем за отстранување на другите бактерии.

Некои лактобацили како L.reuteri Protectis  ослободува материја позната како ројтерин кој има докажано антибактериско,антивирусно и антигабично дејство,а покрај тоа истата оваа бактерија лачи млечна и оцетна кислеина кои допонително прават пад на PH-балансот и со тоа дополнително го спречуваат развивањето на бактерии, габички и протозои.Така вагиналната микрофлора претставува една бариера и  инхибира адхезија и колонизирање на кожни и анални бактерии.Освен лактобацилите во нормалната флора се среќаваат и други бактерии кои се само 5% од целокупната микробна флора како: дифтероиди,стрептококи,стафилококи,микрококи,анаероби (Bacterides,Peptostreptococcus,Prevotella,Bifidobacterium), непатогени трепонеми и габички.Овие бактерии се изолираат и на 1 см од почетокот на уретрата.

Нормалната вагинална содржина (вагиналниот флуор) во репродуктивна возраст е оскудна 3-5 гр, со пастовидна хомогена конзистенција, бела боја и дискретна млечно-кисела миризба.Во текот на еден менструален циклус карактеристиките на вагиналниот флуор се променуваат од оскуден во почетокот ,во средината по-течен со прозрачна цервикална слуз и по-густ кон крајот на циклусот.

Во првите 24 часа вулвата на новороденото се населува од дифтероиди, микрококи и нехемолитични стрептококи. Во следните денови под дејство на транзиторно предадениот естроген од мајката , флората се заменува со лактобацилите на Додерлајн. После нивното колонизирање , до пубертетот и после менопауза pH на вагината станува алкална и лактобацилите исчезнуваат. Цервикалната микрофлора особено во дисталниот дел на цервикалниот канал не се разликува особено од вагиналната микрофлора.

Најчести состојби кои ја нарушуваат нормалната вагинална микрофлора се случуваат при нарушување на заштитните сили на организмот, после прием на антибиотици, менопауза (поради ниските нивоа на естроген), при прием на орални контрацептиви, употреба на спермициди, непротектиран полов акт (семената течност е со алкално pH- 7,1-8), вагинални промивки, менструација (менструалната крв е лесно алкална со pH 7,4), терапија со кортизон, дијабет, стрес итн.При покачување на pH до алкализација се создаваат услови за развивање на анаеробни бактерии и појава на инфекции.

Понекогаш и микроорганизмите кои нормално живеат во вагината при определени услови можат да станат вирулентни и да предизвикаат инфламација.Околу една милјарда жени по светот страдаат од неполово предизвикани уро-генитални инфекции како бактеријална вагиноза, микотичен колпит и инфекции на уро-гениталниот тракт.

Бактеријалната вагиноза е предизвикана од прекумерно растење на Gardnerella vaginalis како и на други анаеробни бактерии, на базата на намален број на протективни лактобацили.Основен симптом е засилен жолтеникаво-пенлив флуор со какрактеристична миризба на расипана риба.Често се јавува кај жени со честа промена на партнери, при честа употреба на вагинални промивки, употреба на спирали и др.

Габичната инфекција најчесто предизвикува Candida albicans, а поретко  Candida glabrata,crusei и tropicans.Тие се дел од нашата цревна флора и при здрава вагина со нормални заштитни сили таму не постојат.Основниот симптом е засилен вагинален флуор со вид на пресечено млеко и силен јадеж по надворешните гениталии.

И двете заболувања не се исклучиво полово-преносливи и се среќаваат и кај девојки кои не водат полово-активен живот .

По време на бременост поради хормонскиот статус има често нарушување на вагиналниот баланс и екосистем  на вагината. Се намалува бројот на лактобацили, доаѓа до промена во локалниот имунитет и намалена заштитна функција на вагината при што се размножуваат ендогени и егзогени патогени микроорганизми(на пр.бета-хемолитични стрептококи од гр.Б )Тоа може да доведе до асцендентна инфекција кон околуплодните обвивки, кое во 30% од случаевите е причина за спонтани абортуси, предвремено прскање на воденик и предвремено породување и неретко инфекција на плодот. Освен тоа вагиналната инфекција по време на бременост може да доведе и до сериозни раскинувања на родилните патишта по време на породувањето.

Базирајќи се врз сето ова  докажано е дека при превенција и лекување на овие состојби треба да се обрне пред се внимание на обновувањето на заштитните сили на вагината и нејзиниот pH баланс. Идејата да се користат ДОБРИ бактерии од типот на L.reuteri Protectis за подобрување на состојбата на вагината со внесување на корисна флора таму каде што таа недостасува.

Постојат пробиотици кои во својот состав имаат L. Reuteri Protectis, тоа се живи бактерии кои стануваат целосно метаболитички активни кога се во допир со плунката. Додека да стигнат во стомакот се веќе спремни да се колонизираат и даваат бенефитот за оној кој ги прима и имаат зајакнувачко, протективно и корисно дејство врз целиот ГИТ, вклучително и вагина.

Истите се користат и за обновување, нормализирање и стабилизирање на вагиналната микрофлора. Се препорачуваат за профилакса на вагинална дизбактериоза кај бремени, жени во менопауза, после воспалителни заболувања, после антибиотска терапија, по време на доење,како и пред подготовка за хируршки вагинални зафати (серклаж, биопсија и др.)

 

posts_form

Контакт форма