<

Значење на суплементација со Lactobacillus reuteri DSM 17938 врз развојот на цревната микрофлора кај новороденчиња родени со царски рез

Терминот микробиота означува збир на сите микророганизми кои живеат во човечкото тело. Цревниот тракт, односно дебелото црево вообичаено содржи најголем број од микроорганизмите, споредено со останатите делови од телото како кожата, вагината, устата и ушите. Вообичаено цревото на човекот содржи вкупно 1014 бактерии што е 10 пати повеќе од вкупниот број на човечки клетки.

Терминот микробиота означува збир на сите микророганизми кои живеат во човечкото тело. Цревниот тракт, односно дебелото црево вообичаено содржи најголем број од микроорганизмите, споредено со останатите делови од телото како кожата, вагината, устата и ушите. Вообичаено цревото на човекот содржи вкупно 1014 бактерии што е 10 пати повеќе од вкупниот број на човечки клетки. Развојот на интестиналната (цревна) микрофлора започнува на раѓање и се поголем број на истражувања укажуваат дека раниот развој на цревната микрофлора има особено важна улога во развојот на имуниот систем, во заштитата од различни патогени и во обезбедувањето на нутриенти. Главната функција на интестиналниот имун систем е да ја контролира експозицијата (изложувањето) на бактериите кон ткивата и притоа превенција на потенцијално патоген исход. Освен тоа, постнаталната функција на цревата и развојот на имуниот систем зависат од цревната микрофлора, а резултатите од голем број студии укажуваат дека оваа рана цревна колонизација (населување) има влијание на појавата на различни заболувања подоцна во животот. На пример во одредени студии се покажало дека намалената микробиолошка различност кај доенчињата била асоцирана со развој на алергиски болести во детството.

        На развојот на цревната микрофлора можат да влијаат различни фактори од околината како што е начинот на породување и начинот на исхрана.

        Во тек на нормалното, спонтано породување новороденчето доаѓа во контакт со голем број бактерии од мајчиниот вагинален и гастроинтестинален тракт. Овој пренос на микрорганизми допринесува за колонизација (населување) на цревата кај новороденчето. За разлика од спонтаното породување, кај новороденчињата породени со царски рез тоа не се случува што резултира во промена на цревниот микробиом и потенцијално зголемен ризик за болести поврзани со имуниот систем.

        Во изминатите две децении породувањето со царски рез е во значителен пораст насекаде во светот. Голем број на студии се спроведени со користење на модерни технологии за испитување на цревниот микробиом, при што било утврдено дека се разликува кај доенчињата породени со царски рез во споредба со спонтано породените новороденчиња и се карактеризира со ниски концентрации на бифидобактерии, бактероиди и лактобацили, а поголема застапеност на патогени бактерии. Освен тоа се смета дека влијание на колонизирањето на цревата со микроорганизми кај новороденчето има и антибиотската терапија која начесто се дава кај мајките пред и по породување со царски рез за разлика од спонтаното породување. 

      Последните години се по актуелен е концептот на постоење на критичен прозорец на осетливост во период од 1000 денови (270 дена во тек на бременоста и 2 пати по 365 дена)  во кој околината може да влијае на идното здравје на детето. Во тек на овој период се воспоставува цревната микрофлора и нејзината различност за да достигне потполна зрелост на крајот на втората година од животот.

       Според тоа, различни надворешни фактори, како што е суплементација (додавање) на пробиотици може да се влијаат на населувањето на цревата со микроорганизми.

         Пробиотиците претставуваат живи микроорганизми кои внесени во организмот на човекот во одредена количина имаат корисен ефект за неговото здравје. Резултатите од неколку нови истражувања покажуваат дека  L reuteri DSM 17938 превенира појава на цревен дизбаланс предизвикан од породувањето со царски рез и помага да се усклади раниот развој на цревната микрофлора со тоа што таа ќе стане слична како кај новороденчињата породени спонтано. Истражувачите потенцираат дека постои јасен бенефит од давање на L reuteri DSM 17938 за превенција на појава на цревна дизбиоза предизвикана од породувањето со царски рез и истата треба да се препорачува. Освен тоа млечно-киселинските бактерии се корисни и за децата кои се родени спонтано на тој начин што го зголемуваат бројот на корисни бактерии во гастроинтестиналниот тракт и го стимулираат цревниот мотилитет (движење).

posts_form

Контакт форма