Biogaia-landingpage-teaser-icon-colic

26%

од бебињата страдаат од грчеви

Дури 26 проценти од бебињата страдаат од грчеви во цревата, поради што родителите најчесто  го посетуваат педијатарот. Грчевите кај бебињата се манифестираат со често и континуирано плачење, најчесто навечер - најмалку три часа на ден, најмалку три дена во неделата, во период од најмалку три недели по ред. Нашиот калкулатор за грчеви може да ви помогне да откриете дали вашето бебе страда од грчеви.

Калкулатор за грчеви

Вашиот чувар – имунолошкиот систем

Имунолошкиот систем е еден од механизмите кој нашиот организам ги користи како заштита од неповолни влијанија. Во рамките на неколку секунди од доаѓањето на овој свет, новороденчињата се изложени на широк спектар на микроби.

Од тој момент натака, овој сеуште незрел имунолошки систем почнува да развива интелигентна мрежа од заштитни механизми. Првите години од животот се најважни за овој процес бидејќи во тој период кај новороденчињата се поставува основата за правилно функционирање на имунолошкиот систем кој ќе ги прати целиот живот.

Каде се наоѓа имунолошкиот систем

Во хармонија со природата

Пробиотикот Limosilactobacillus reuteri Protectis првично бил изолиран од мајчиното млеко на здрава жена која живеела живот во хармонија со природата во перуанските Анди, далеку од хемикалиите и токсините на индустријализираниот свет. Сојот потоа се репродуцирал на највисоко ниво за да ги задржи своите природни квалитети. Како таков, L. reuteri Protectis е еден од ретките соеви на бактерии на млечна киселина кои можат да преживеат во гастроинтестиналниот тракт на човекот.

Limosilactobacillus reuteri

Добро здравје на цревата за благосостојба

Нашиот дигестивен систем е нешто за кое често не размислуваме, и дека тој е нашата прва одбранбена линија во неповолни услови. Така, здравите црева не е само резултат од исхраната, туку и од целокупното здравје и благосостојба. Затоа, од големо значење е да се грижиме за нашите црева, на пример доколку е потребно со земање додатоци за микробиотата.

Важноста на бактериите

Поддржете го Вашиот имунолошки систем

Нашите тела постојано се изложени на неповолни влијанија, особено за време на студените сезони или кога децата одат на училиште. Со 80% од нашето имунолошко ткиво во дигестивниот систем, тоа претставува суштински дел од одбранбениот систем на нашето тело. Здравиот, избалансиран начин на живот и употребата на пробиотици ( добри бактерии ) може да помогнат во поддршката на овој природен процес, затоа што пробиотиците придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.

Здрави црева и имунолошки систем

Врска помеѓу мајката и нероденото дете

Додека е бремена, жената доживува неспоредлива врска помеѓу себе и нероденото дете. Новите истражувања покажуваат дека микробите можат да се пренесат од мајката на бебето преку плацентата. Како такви, производите од BioGaia со сојот Limosilactobacillus reuteri Protectis можат да помогнат да се дополни цревната микробиота, како за мајката, така и за бебето - од бременоста до периодите на доење и понатаму.

Прочитајте повеќе

Колку брзо растат!

Новороденчињата доаѓаат на свет скоро стерилни, но штом ја напуштат матката, нивното дигестивен систем започнува да се развива со колонии на драгоцени бактерии. Развојот на цревната микрофлора на новороденчињата е под влијание на фактори како што се генетиката, семејното опкружување, начинот на раѓање, исхраната итн. Одржувањето на соодветна концентрација на микрофлора во цревата во текот на првата година од животот е од големо значење, затоа што во овој период новороденчето напредува кон микробен профил на возрасен. Производи со цревни бактерии може да бидат потребни и подоцна, бидејќи микробиотата продолжува да се развива и во раното детство, за на крај да достигне релативна конзистентност до третата година.

Важноста на бактериите

Помогнете им на "добрите" бактерии додека се борите со "лошите"

Во некои случаи, препишувањето на антибиотици е неизбежно. Улогата на антибиотиците во овој случај е да ги уништат бактериите што предизвикуваат болест. За жал, антибиотиците не се во можност да прават разлика помеѓу бактериите, па не само што се насочуваат кон лошите бактериите што ја предизвикуваат болеста, туку и кон добрите бактерии. Употребата на пробиотици му помогнаат на дигестивниот систем враќајки ја рамнотежата на бактериите во цревата во случај кога се неопходни антибиотици

Што се пробиотици?

Понекогаш е потребна малку помош…

Редовните столици кај бебињата и малите деца се важни за нивното здравје. Кога столицата е нередовна тоа е подеднакво непријатно и кај поголемите деца и кај возрасните. Меѓутоа во повеќе случаи нема потреба за грижа. Вклучувањето овошје богато со влакна, зеленчук и житарици во вашата секојдневна исхрана и на вашето дете може да му помогне на природниот процес и да ја стимулира перисталтиката. Помагаат исто и редовните вежби и пиење на многу вода. Дополна на цревната микрофлора со млечно киселински бактерии како што е L. reuteri Protectis исто така може да биде корисно.

Што се пробиотици?

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.

Бременост: Магично време, но не и без предизвици

Од моментот кога ќе дознаете дека ќе бидете мајка, започнувате да ги забележувате промените што се случуваат во Вашето тело. Додека се прилагодувате на носењето нов живот, ќе се појават одредени промени што ќе ги очекувавте, а ќе се појават и промени што нема да ги очекувате.

Прочитајте повеќе