Цел ден секој ден

Без разлика дали седиме на нашите бироа, спортуваме или гледаме телевизија на каучот, нашиот имунолошки систем работи за да нè заштити 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Нашите тела редовно се изложени на надворешни агенси. За да се заштити, нашето тело користи софистициран и сложен систем од механизми за заштита, познат како „имунолошки систем“. Постојат неколку центри за одбрана распоредени низ целото тело, што ја сочинуваат оваа мрежа. Најголемиот од нив може да се најде во цревата и претставува 80 % од целиот имунолошки систем.

Имунолошки систем

Ако одбраната на телото не работи правилно, резултатот може да биде инфекции, алергии или автоимуни болести. L. reuteri помага за нормален микробиот.  L. reuteri го потпомага природниот микробиот и  нормалната функција на имунолошкиот систем.

X

Мукозна мембрана во носот и грлото

Надворешните агенси, исто така можат да влезат во телото преку воздухот што го дишеме. Значи, носот и грлото имаат своја одбранбена бариера - мукозната мембрана. Во носот, ова е покриено со цилија, ситни испакнати влакна кои се движат напред и назад, брзо транспортирајќи туѓи честички надвор од дишните патишта. Покрај тоа, во мукозната мембрана има многу клетки кои ги уништуваат натрапниците и стимулираат специфична имунолошка реакција.

X

Крајници

Доколку „натрапниците“ влегуваат во телото преку устата, без разлика дали се вдишуваат или голтаат, тие најпрво се среќаваат со „вратарите“ на имунолошкиот систем - крајниците. Површината на крајниците има неколку јами, во кои може да се акумулира отпад од храна и надворешни агенси. Јамите водат до подлабоко лимфно ткиво каде лимфоцитите (еден вид на бели крвни клетки) се справуваат со агенсите и го зачувуваат „изгледот“ на неканетите гости во имунолошката меморија на организмот.

X

Лимфен систем

Задебелувањата налик на јазол во лимфните канали имаат функција за филтрирање, а исто така содржат и разни одбранбени клетки. Овде белите крвни клетки доаѓаат во контакт со натрапниците, созреваат во моќни одбранбени клетки, а потоа се размножуваат.

X

Тимусна жлезда

Тимусната жлезда може да се опише како „училиште за телохранителите на телото“ и е особено активна за време на детството. Тука се тренираат таканаречените „Т-клетки“ и истите играат суштинска улога во организацијата на одбраната од специфични микроорганизми. Клетките учат да прават разлика помеѓу сопствените и туѓите структури на телото за да спречат имунолошкиот систем да ги напаѓа сопствените клетки.

X

Кожа

Кожата претставува надворешна заштитна обвивка на нашето тело. Недопрена, таа претставува непробојна бариера за повеќето надворешни агенси. Како и во цревата, здравата флора на кожата го инхибира растот на штетните микроби. Покрај тоа, епидермисот содржи бројни таканаречени клетки на Лангерханс, кои можат да ги апсорбираат и уништат. Исто така, овие клетки брзо поставуваат специфична имунолошка реакција кога ќе стапат во контакт со нешто што е потенцијално штетно.

X

Слезина

Слезината е орган со големина на тупаница со добро снабдување со крв што се наоѓа под дијафрагмата во левиот горен дел од стомакот. Како дел од имунолошкиот систем, овој орган дејствува како еден вид центар за складирање на клетките за примарна одбрана. Фагоцитите и лимфоцитите, што се подгрупа на белите крвни клетки, исто така таму се размножуваат.

Доколку телото огласи аларм, лимфоцитите излегуваат од слезината преку лимфната течност директно за да се спротивстават на натрапниците.

 

X

Црева

Дом на 80 % од сите имунолошки клетки, цревата се сметаат за центар на имунолошкиот систем. Овие имунолошки клетки постојано комуницираат со цревните бактерии, обезбедувајќи постојани стимули за вежбање на имунолошкиот систем. Тенкото црево, исто така содржи акумулации на лимфните јазли наречени „Пајерови плаки“, каде се формираат повеќето антитела.

X

Мукозни мембрани во мочниот меур и гениталните органи

Мукозни мембрани во мочниот меур и гениталните органи се исто така потенцијален влез за натрапници. Исто како и кожата овие мукозни мембрани содржат голем број имунолошки клетки кои стимулираат специфична имунолошка реакција за заштита на целиот организам. 

X

Коскена срж

Некои ја нарекуваат коскената срж „родно место“ на нашите имунолошки клетки. Ова е местото каде се наоѓаат матичните клетки, од каде се формираат сите крвни клетки, вклучително и белите крвни клетки. Тука, различните типови клетки во рамките на имунолошкиот систем, како што се фагоцитите, мастоцитите, гранулоцитите, природните клетки-убијци и лимфоцитите Т и Б, се формираат во неколку чекори.

Квиз - Колку добро го познавате вашиот имунолошки систем?

Вашиот имунолошки систем работи деноноќно за да го заштити вашето тело. Но, колку знаете за овој сложен систем? Решете го квизот за имунолошкиот систем и дознајте!

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле.За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.