Информации за BioGaia

BioGaia претставува иновативна компанија во областа на здравствената нега и светски лидер во областа на пробиотиците. Во моментот, оваа компанија брои тим со 124 членови во своите канцеларии во Шведска, САД и Јапонија.

Основана во 1990 година, BioGaia го користи своето богато искуство во областа на развојот, маркетингот и продажбата на пробиотски производи и се потпира на широка мрежа составена од независни истражувачи и експерти, специјалисти за производство и партнери за дистрибуција низ целиот свет. Педијатари и други професионалци од областа на здравствената нега во повеќе од 100 земји ги препорачуваат производите од BioGaia на своите пациенти.

Сите производи од BioGaia содржат Limosilactobacillus reuteri, сој на пробиотски бактерии кои помагаат да се обнови балансот на микрофлората во гастроинтестиналниот тракт. Како една од ретките бактерии кои еволуирале заедно со луѓето од самиот почеток, Limosilactobacillus reuteri може да преживее во човековиот организам и да изгради колонии во истиот. Мисијата на BioGaia е успешно да придонесе за поддршка на здравјето и благосостојбата кај луѓето со дигестивни или орални здравствени проблеми со клинички докажани и корисни пробиотски производи што навистина прават разлика. За повеќе информации, Ве молиме посетете  www.biogaia.com.

Информации за Ewopharma

Ewopharma е иновативен партнер во областа на маркетингот на фармацевтски производи за заштита на здравјето на потрошувачите во Централна и Источна Европа и Швајцарија. 

Компанијата е активна во рамки на регионот повеќе од 60 години. Во текот на овој долг период, Ewopharma се здоби со широко познавање за овие пазари и воспостави висока репутација на тамошните локални пазари. Ewopharma претставува регионални и меѓународни фармацевтски партнери и дејствува како нивни ексклузивен претставник и дистрибутер и ги опфаќа сите аспекти на пристап до пазарот и комерцијализација на етичките фармацевтски производи и производите за заштита на здравјето на потрошувачите. Компанијата вработува повеќе од 320 висококвалификувани кадри во над 15 земји. За повеќе информации посетете www.ewopharma.com.

Евофарма АГ Претставништво Скопје,

Антон Попов 1-2/3

Скопје

Tel:+389 2 511 35 99

info@ewopharma.com

Contact

Оставете ни порака
*Задолжително поле