Обезбедете пријатна празнична атмосфера со нашите совети за балансирање на храната, која ќе ја консумирате за време на празниците, и научете ја улогата на пробиотиците во дополнувањето на цревната микробиота на вашето семјество.
Декември, особено периодот пред Божиќ, е време на радост, семејни собири и вкусна храна. Сепак, сите промени во исхраната може значително да влијаат на цревната микробиота, што резултира со дигестивни непријатности. За да разбереме како влијаат празничните оброци на здравјето на цревата на вашите деца, најпрво треба да ги дознаеме начините на одржување рамнотежа, кои пак од своја страна, може да помогнат сезоната на празници да ја претвориме во пријатна и здрава.
Цревната микробиота е комплексна заедница на микроорганизми кои живеат во вашиот дигестивен тракт.Тие се од суштинско значење за целокупното здравје и благосостојба во организмот. Цревната микробиота игра витална улога во варењето, апсорпцијата на хранливи материи и синтезата на есенцијалните витамини. Дополнително, околу 80% од сите имунолошки клетки се наоѓаат во цревата, што ја прави здравата цревна микробиота витална за одржување на нормален имунолошки систем. Урамнотежената, здрава цревна микробиота помага во одржување на целокупното здравје и придонесува за нормализирање на функцијата на имунолошкиот систем.
Составот на вашата цревна микробиота е тесно поврзан со вашата исхрана и секоја промена во исхраната може да го наруши. Оваа чувствителност е уште поизразена кај малите деца.
Сезоната на празници носи многу храна која може да биде оптоварувачка за цревата. Се разбира, списокот започнува со сите слатки: божиќните колачиња, бонбони, колачи и слични производи кои содржат многу голема количина шеќер. Потоа, тука може да ги додадеме богатите масни оброци и преработената храна богата со заситени масти. Прекумерниот внес на шеќер и заситени масти може негативно да влијаат на составот на цревната микробиота.
Иако целосното избегнување на празничната храна е невозможно, постојат начини да се постигне среќен баланс во целото семејство, вклучувајќи ги и вашите мали деца. Имајте ги на ум следните совети за исхрана:
1) Умереност - сите нека уживаат во сите задоволства, но само во умерени количини. Избалансирајте ги со поздрави грицки и оброци, вклучително и многу зеленчук.
2) Промовирајте ја цревната микробиота - вклучете храна како јогурт, кефир или ферментиран зеленчук, кои ги поддржуваат добрите бактерии во цревата. Покрај тоа, можете да размислите да додадете пробиотиски производи BioGaia во исхраната на вашето семејство. BioGaia капките со витамин Д се погодни од првиот ден по раѓањето. Во 5-те капки дневно,вешето малечко ќе ја добие препорачаната дневна доза од 100 милиони живи бактерии L. Reuteri Protectis, а витаминот Д дополнително ќе придонесе во зајакнување на неговиот имунолошки систем. Овој пробиотски сој е докажано дека се колонизира и опстојува во цревата, зголемувајќи го бројот на корисни бактерии во нив.
3) Храна богата со растителни влакна - погрижете се вие и вашите деца да јадете доволно овошје, зеленчук и целозрнести плодови, кои се богати со влакна и го олеснуваат варењето на храната.
Вклучувањето на децата во подготовките на празничната трпеза може да биде забавен начин за поттикнување здрави навики во исхраната и создавање позитивни асоцијации со хранливи оброци. Плус, ќе можете да го поминете целото време што ви е потребно за подготовките заедно. Тоа може да вклучува:
Купување намирници: Понесете ги вашите деца на купување намирници и оставете ги сами да одберат некои состојки за празничните оброци. Тоа нека биде повеќе овошје, зеленчук и други здрави намирници.
Готвење заедно: Со сите одлични состојки што ги купивте, сега можете да започнете со готвење. Дозволете им на децата да ви помогнат. Децата може да бидат вклучени на пример во миење зеленчук, мешање состојки, украсување здрави задоволства итн.