Како функционира имунолошкиот систем?
Нашиот имунолошки систем е еден од најсложените системи во нашето тело и е специјализиран за одбрана. Може да се подели на два механизми кои соработуваат во одбраната, и се поврзани заедно на различни начини.
Пред околу четири милијарди години, бактериите станаа првите форми на живот што се појавија на земјата и едноклеточните организми оттогаш само напредуваат. И покрај екстремните климатски услови, како што се вулканските ерупции и ледените доби, бактериите преживеале неверојатно долго време благодарение на нивната извонредна способност за прилагодување. | Бактериите што живеат во и врз човечкото тело и денес продолжуваат да се развиваат заедно со нас. Истражувањата покажаа дека бактерискиот сој Limosilactobacillus reuteri се има развивано со нас низ период од милиони години, доведувајќи да се прилагоди на својот домаќин за воспоставување успешна симбиоза. Limosilactobacillus reuteri се исто така едни од првите бактериски соеви што природно се создаваат во микробиотот на новороденчето. |
Специфичноста на сојот на која било бактерија ги утврдува нивните својства и начинот на дејствување.
Како таков, секој сој е различен. Производите од BioGaia® содржат бактерии на соевите Limosilactobacillus reuteri од фамилијата Limosilactobacillus, поточно сојот Limosilactobacillus reuteri Protectis (DSM 17938). Човечкиот дигестивен тракт претставува природно живеалиште на овој сој, што го прави особено погоден за раст и развој во оваа област од телото.
Дали L. reuteri Protectis се безбедни? Со еден збор: да. Низ изминатите десет години, производите од компанијата BioGaia се тестирани во сеопфатни безбедносни студии со здрави новороденчиња, доенчиња и возрасни.
L. reuteri Protectis исто така исполнува голем број клучни критериуми: тие се од човечко потекло, именувани се и класифицирани според правилна таксономија, се произведуваат во контролирани услови за да се отстрани контаминацијата, нивната безбедност е оценета и документирана во однос на целната популација и не содржат токсини или гени отпорни на антибиотици.
Се разбира, клиничките испитувања покажаа дека производите на BioGaia се безбедни (дури и во многу високи дози што ги надминуваат оние што се наоѓаат во производите на BioGaia).
Но, уште поважно, над 100 милиони производи BioGaia Protectis се продадени ширум светот без пријавени несакани ефекти од 2004 година. Значи, можеме со гордост да кажеме дека производите на BioGaia се навистина безбедни!
BioGaia производите се препорачани од педијатрите и нив им веруваат родителите ширум светот.
Нашиот имунолошки систем е еден од најсложените системи во нашето тело и е специјализиран за одбрана. Може да се подели на два механизми кои соработуваат во одбраната, и се поврзани заедно на различни начини.
Микробиотот во цревата го обучува имунолошкиот систем и игра клучна улога во создавање на нормални функционални механизми за имунолошка одбрана.
Бактериите претставуваат микроорганизми или микроби кои ги има насекаде. Некои видови бактерии дури живеат во и на други организми, како што се луѓето. Како прва форма на живот што постои на земјата, тие ги диктираат условите на нашето постоење уште од самиот почеток. Limosilactobacillus reuteris е пример за бактерии кои се развиле во симбиоза со луѓето.