A baby in a light blue hoodie is being fed with a spoon by a woman.

Антибиотици и бебиња

Ако бебето има бактериска инфекција, можеби ќе му се потребни антибиотици за да оздрави. Во такви случаи, особено е важно да им се даде потребна поддршка на нивните мали тела. 

a mother feeding her baby, who is wearing a light green hoodie.

Антибиотици - Пријатели или непријатели?

Кога бебето e болно, јасно е дека родителите сакаат  да оздрави што побрзо.  Во некои случаи тоа значи користење антибиотици. Антибиотиците се основни лекови кои се борат против бактериски инфекцикии и спасуваат животи. Меѓутоа терапијата со антибиотици  не е обична игра; тоа се серизони лекови кои треба да се користат само кога е неопходно и под лекарски надзор.

Ако бебето има бактериска инфекција и се потребни антибиотици важно е родителите внимателно да ги следат упатставата како и времетраењето на терапијата. Родителите треба да го прочитаат упатството на лекот кој се наоѓа во секое пакување и да се запознаат со несаканите ефекти кои се јавуваат често или ретко пред да започнат со лекување. Ако бебето покаже симптоми на несакани рекации, родителите треба веднаш да се обратат на лекар.

Антибиотици и здрави црева

Зборот пробиотик значи ''за живот'' , зборот антибиотик означува ''против живот'', бидејќи антибиотиците ги уништуваат или го спречуваат растот на патогени кои се причина за бактериски инфекции. 

Проблемот е во тоа што антибиотиците не можат да направат разлика помеѓу добрите и лошите бактерии и ги уништува и добрите бактерии.

Како резултат на тоа бебињата и малите деца ( но мое да се случи на секого) кои користат антибиотици може да доживеат мачина, повраќање и дијареја. Затоа за време на лечењето со антибиотици треба да се користат пробиотици како би се зајакнала цревната флора со добри бактерии и би се обновила рамнотежата во дигестивниот тракт.
A woman holding a baby in a light blue hoodie, smiling at the baby while the baby looks into the camera, biting their hand
Антибиотици и деца

Антибиотици и деца

Понекогаш кога детето е болно, антибиотиците се единствената опција. Но, тие не се решение за сѐ и доколку не се земат совесно може да влијаат врз здравјето на дигестивниот систем.

Антибиотици возрасни

Антибиотици возрасни

Иако можат да направат многу добро, антибиотиците можат да влијаат на дигестивниот систем. Поради оваа причина. важно е да им дадете поддршка на цревата додека ги земате.