A person holding a glass of water and a pill, preparing to take the medication

Антимикробна резистенција - тивка пандемија

Дополнете го микробиомот на цревата со BioGaia Protectis додека земате антибиотици

A scientist in a laboratory, examining a petri dish on his desk.

Антибиотици - Револуција на медицината на 20-от век

Антибиотиците се есенцијални лекови кои делуваат на инфекции предизвикани од бактерии и спасуваат животи со уништување или инхибирање на растот на одредени бактерии. Терминот антибиотик значи „против живот“и се користи кога станува збор за лек кој делува против бактериите. Различни антибиотици се користат за лекување на различни инфекции и истите се даваат само по препорака на доктор.

Антибиотиците се користат со години за третман на специфични сериозни инфекции или за спречување на некои видови бактериски инфекции. Во денешно време се соочуваме со поинаков предизвик: зголемена резистентност на антибиотици. До тоа доведе, меѓу другото и прекумерната употреба на антибиотици, повторувачка употреба на различни видови на антибиотици, а во поново време и  конзумирање на храна од животни кои претходно биле третирани со антибиотици. Принципот „помалку е повеќе“ важи кога станува збор за антибиотиците.

 

 

Како делуваат антибиотиците?

Антибиотиците се исклучително добри во она што го прават. Тие почнуваат да делуваат веднаш по првото внесување.

Антибиотиците се „воини“ кои ги спречуваат бактериите да се размножуваат (бактериостатски) или ги убиваат (бактерицидно) со нарушување на нивниот метаболизам. Бидејќи вирусите немаат свој метаболизам, антибиотиците не делуваат против нив. Антибиотиците му помагаат на телото да се одбрани од инфекции предизвикани од бактериски причинител. Најпознатиот антибиотик е пеницилинот, откриен од Александар Флеминг и произведен од мувла наречена Penicillium notatum. Колку брзо антибиотиците ќе делуваат зависи од состојбата што ја третираат, но подобрувањето често се случува за неколку часа.

3×3 паметни правила за доколку треба да земате антибиотици

 1) Оставете на лекарот да одлучи дали Ви треба антибиотик.

• Не инсистирајте да земате антибиотици непотребно, на пример за лекување на вирусна инфекција.

• Доколку лекарот Ви препише антибиотик, користете го правилно.

• Никогаш не започнувајте терапија со антибиотици без за тоа да е информиран Вашиот лекар.

2) Дозволете му на Вашиот лекар да одлучи каков антибиотик Ви треба и колку долго.

• Никогаш не користете антибиотици кои Ви останале од третман на претходна инфекција.

• Не земајте антибиотици препишани за некој друг и не споделувајте го вашиот рецепт со препорачан антибиотик со други луѓе колку и нивните симптоми да се слични на вашите.

• Антибиотикот земајте го онолку долго колку што Ви препорачал лекар, но не повеќе од тоа.

3) Оставете го вашиот лекар да одлучи кој пробиотик може да ги намали несаканите ефекти на антибиотикот.

• Само лекарот знае кој пробиотик со кој антибиотик делува.

• Земањето пробиотик без да бидете запознае со тоа дали истиот ги намалува несаканите ефекти на антибиотската терапија може да биде исто како да не земате ништо.

• Правилниот избор на пробиотик може да помогне и во борбата против резистентноста на антибиотици.

A smiling doctor in a white lab coat with a stethoscope, sitting and talking to a patient.

Антимикробна резистенција

Антимикробната резистенција (АМР), подразбира отпорност или неефикасност на антибиотиците. Таа е причина за  не-ефективното лекување при што штетните бактерии повеќе не реагираат на антибиотскиот третман и продолжуваат да растат. Денес, АМР е една од најголемите глобални грижи и предизвици на јавното здравје поврзани со антибиотиците е нивната прекумерна употреба.

Бактериите, вирусите, габите и паразитите може да бидат во основа отпорни на антибиотици (природна отпорност) или нивната отпорност може да се менуваат со текот на времето со мутација (стекната отпорност) и се случува повеќе да не реагираат на одредени лекови на кои претходно реагирале. Во овој случај, станува збор за антимикробна резистенција ( АМР). За жал, таа нивна отпорност бактериите можат да ја пренесат и на други бактерии и кај нив да се јави иста таква отпорност. Како резултат на тоа, антибиотиците стануваат неефикасни, а инфекциите продолжуваат во телото, што може да биде опасно по живот и да го зголеми ризикот од ширење на други инфекции. Микроорганизмите кои развиваат антимикробна отпорност понекогаш се нарекуваат „супербактерии“бидејќи се речиси неуништливи. Следејќи ги горенаведените правила, потрудете се да го намалите сопствениот ризик од појава на АМР.

Антибиотици и бебиња

Антибиотици и бебиња

Ако бебето има бактериска инфекција, можеби ќе му се потребни антибиотици за да оздрави. Во такви случаи, особено е важно да им се даде потребна поддршка на нивните мали тела.

Антибиотици и деца

Антибиотици и деца

Понекогаш кога детето е болно, антибиотиците се единствената опција. Но, тие не се решение за сѐ и доколку не се земат совесно може да влијаат врз здравјето на дигестивниот систем.

Антибиотици возрасни

Антибиотици возрасни

Иако можат да направат многу добро, антибиотиците можат да влијаат на дигестивниот систем. Поради оваа причина. важно е да им дадете поддршка на цревата додека ги земате.