A close-up of an older man wearing glasses, smiling gently and looking down.

Дијареја

Колку и да е непријатно, дијарејата е ношто што сите возрасни го доживеале барем еднаш. Грижата за цревната микрофлора е важен елемент на домашна нега за дијареја.

A close-up of an older man wearing glasses and a denim shirt, looking content with a gentle smile on his face.

Акутна дијареја кај возрасни

Скоро секој возрасен човек ќе има дијареја во одреден момент од својот живот. Дијареата се дефинира како три или повеќе ретки или течни столици на ден и обично поминуваат сами за неколку дена.

Голем број фактори влијаат на појава на дијареја - инфекција, алергии на храна или несакани ефекти на антибиотици или други лекови. Ваквите нарушувања во дигестивниот систем често ја нарушуваат рамнотежата на бактериите во цревата. Треска, болка во стомакот или грчеви често ги придружуваат случаите на дијареја. Тежината на дијарејата ќе варира од случај до случај - колку е потешка дијарејата, толку е поголем ризикот од дехидратација. Знаци на дехидратација кај возрасни вклучуваат потемна урина и поретко мокрење.

A man wearing glasses and a blue shirt drinks water from a bottle. A man wearing glasses and a blue shirt drinks water from a bottle.

Третман на дијареја

Иако повеќето случаи на дијареја поминуваат по неколку дена, постојат низа работи што можеме да ги направиме за да се чувствуваме поудобно.

За да ја надополните водата изгубена за време на епизода на дијареја, клучот е да пиете доволно течности - најдобро би било вода и чај, бидејќи не се препорачуваат овошни сокови и газирани пијалоци. Покрај тоа, пробиотиците можат да помогнат во враќањето на рамнотежата на бактериите во дигестивниот тракт.

Антибиотици возрасни

Антибиотици возрасни

Иако можат да направат многу добро, антибиотиците можат да влијаат на дигестивниот систем. Поради оваа причина. важно е да им дадете поддршка на цревата додека ги земате.