Close-up of a baby’s hand holding an adult’s finger, resting on a soft white blanket.

Грчеви

И покрај тоа што е доста честа појава кај малите бебиња, сè уште постои многу двосмисленост околу колики кај новороденчиња. Прочитајте за да дознаете повеќе за оваа состојба.

Close-up of a baby lying down, with a woman gently nuzzling the baby, both looking content.

Што се инфантилните колики?

Многу бебиња страдаат од колики (грчеви) во првите месеци од животот. Иако нема дефинитивен одговор на прашањето што ги предизвикува грчевите кај бебињата, едно е сигурно јасно – бебето неутеѓно плаче, а родители константно се изложени на стрес.

Иако грчевите се многу чести, постојат мал број на производи строго наменети за ублажување на истите. Некои студии покажуваат дека појавата на грчеви е резултат на неурамнотежен сооднос на добри (корисни) и лоши (патогени) бактерии во цревата. Пробиотиците како Limosilactobacillus reuteri Protectis може да помогнат во постигнување на рамнотежа помеѓу овие два типа на бактерии и да доведат до зголемување на добрите (корисни) бактерии во цревата. Грчевите кај бебињата својот врв го достигнуваат помеѓу шестата и осмата недела од животот на бебето, па затоа се препорачува да започнете со надополнување на цревната микробиота на вашето бебе непосредно по неговото раѓање.

Crying newborn baby lying on a soft white blanket, wearing a white onesie. Crying newborn baby lying on a soft white blanket, wearing a white onesie.

Кога бебето има грчеви?

Најчестиот критериум за дијагностика на колики е возраста на бебето. Во повеќе случаи, коликите се појавуваат кај бебиња помали од 4 месеци.  Втор критериум е дали бебето плаче периодично или плачењето и раздразливоста траат долго и се без очигледна причина, а родителите се немоќни да му помогнат или да го утешат.

Ова неутешно плачење при колики трае најмалку 3 часа на ден, најмалку 3 дена во неделата, подолго од 3 недели по ред, кај инаку здраво дете. Малите деца обично плачат толку многу што можат да поцрвенат, силно ги стискаат рачињата во тупаници и ги креваат нозете додека плачат. Нашиот индикатор за грчеви може да ви помогне да откриете дали вашето бебе страда од грчеви или не. Сепак, овој индикатор не може  во целост да се замени со совет од педијатар.

<

Индикатор за грчеви

Коликите кај бебињата не може да се спречат - но, доколку симптомите веќе се појавиле, може да влијаеме и истите да ги олесниме. Користејќи го калкулаторот за грчеви, ќе го видите потенцијалното ниво на ризик кај вашето бебето за појава на грчеви.

Одговорете на прашањата и калкулаторот за колики ќе ве донесе до резултатот!
Newborn baby lying on a soft blanket, resting their head on their arm, looking calm and comfortable. Newborn baby lying on a soft blanket, resting their head on their arm, looking calm and comfortable.

Што предизвикува колики кај бебињата?

Краткиот одговор би бил: никој не знае со сигурност. И покрај децениското истражување, причините или потенцијалните причини за појава на колики кај бебињата сè уште не се целосно испитани.

Она што денес го знаеме е дека најверојатно станува збор за комбинација од неколку фактори - психолошки, социјални и / или биолошки. Во последниве години, истражувачите почнаа да ја разгледуваат улогата на цревната микробиота и нејзиниот диверзитет (разноличност).Во клиничките испитувања се забележуваат разлики кај  бебињата кои имаат колики и кај оние кои се здрави, откриле присуство на помалку лактобацили и поголема концентрација на штетни бактерии (претежно колиформни бактерии) во дигестивниот тракт кај бебињата кои имаат грчеви. Таквата нерамнотежа може да доведе до разни проблеми, вклучително и колики. Многу е важно да не го оставате бебето само кога плаче. Родителите треба да сторат се што можат за да го смират бебето - да го лулаат, да му пуштаат релаксирачка музика, да го прегрнат или држат на подлактицата, додека бебето е свртено на стомак.

Клучни факти за коликите

Симптомите поврзани со грчеви можат да бидат многу фрустрирачки за родителите. Еве неколку клучни факти што можат да објаснат некои аспекти на појава на грчеви: 

  • Бебе кое има колики не е болно.
  • Симптомите се од непознато потекло - секој друг извор треба да го исклучи самиот педијатар
  • Плачењето станува полошо навечер, но може да се појави во кое било време од денот
  • Коликите честопати достигнуваат врв помеѓу шестата и осмата недела од животот на бебето
  • Коликите обично се повлекуваат кога бебето е на возраст од околу 4 месеци
  • Истражувањата покажуваат дека бебињата кои имаат колики имаат помала концентрација на одредени видови добри(корисни) бактерии во цревната микробиота.
Smiling woman leaning over a changing table, looking at a baby lying down and dressed in a white onesie, with a window in the background.

Нега на бебето

Родителите треба да ги отстранат сите други можни причини за плачење на бебето, на пр. Да се погрижат бебто да не е гладно, редовно да му менуваат пелени и да внимаваат бебето да нема треска. Постојат неколку златни правила за намалување на ризикот од појава на колики:

  • Правилната техника на доење ќе спречи бебето да голта премногу воздух за време на хранењето. Исто така е важно бебето да не се прејадува.
  • Мајките кои дојат треба да избегнуваат храна што може да произведе гасови, додека оние кои го хранат своето бебе со млечна формула треба да се обидат да користат хипоалергени формули за чувствителни бебиња, со цел да се избалансира микрофлората.
     

Предупредување

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање

Болки во грлото

Болки во грлото

Устата и грлото се портите кон телото. Важно е да ги одржувате здрави бидејќи играат клучна улога во варењето, дишењето и целокупното здравје.