Smiling young girl wearing a straw hat and a blue floral dress, running in a sunny field with yellow flowers.

Констипација

И покрај тоа што од констипација може да страдаат многу деца таа и понатаму може да претставува непријатна тема. Овде разгледуваме кои се причините за констипација и што се препорачува во борбата против неа.

Young girl with a ponytail looking down thoughtfully, wearing a striped shirt and denim overalls, in a sunny outdoor setting

Што може предивискува констипација?

Многу деца страдаат од констипација за време на детството и адолесенција. Во многу од случаите не може да се пронајде органска причина за појавата - оваа појава тогаш се нарекува функционална констипација.  

Кај децата и адолесцентите констипација може да се појави заради недоволно храна богата со влакна во нивната исхрана, мал внес на течности или терапија со некои лекови. Меѓутоа на дигестивен систем и цревната флора исто така под влијание и нашата емотивна и ментална состојба, а таа е подложна на подеми и падови во детство и адолсенцијата. Причинините за констипација може да се кријат во емотивен стрес, промена на околностите, патување или лошо расположение.

Young girl with a ponytail being hugged by an adult, looking over their shoulder with a gentle expression, in an outdoor setting. Young girl with a ponytail being hugged by an adult, looking over their shoulder with a gentle expression, in an outdoor setting.

Знаци на констипација

Повеќето од нас не се чуствуваат пријатно кога треба да зборуваат за празнење на цревата, додека децата и адолесцентите ретко сакаат да разговараат за проблемите кои ги имаат.

Покрај симптомите кои се манифестираат како помалку од три празнења неделно, добро е родителите да знаат кои се другите знаци на констипација. Тие знаци можат да вклучуваат надуеност на стомакот и болка, одложување на одењето во тоалет, па дури и избегнување одење во тоалет, траги од столицата на нивниот долен веш или напнување во текот на празнењето.

Smiling young girl wearing a straw hat and a blue floral dress, running through a sunny field with a man, likely her father, following behind

Што да правиме во случај на констипација?

Констипацијата може да бара некои промени во исхраната на детето, како додавање повеќе храна богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук и мешунки.

Дополнително, родителите треба да ги охрабрат децата да пијат многу течности, идеално вода и да ја зголемат физичката активност. Констипацијата може да влијае и на цревната флора. Како идеја, би можело да се вклучат во исхраната пробиотски бактерии кои помагаат во колонизација во цревната микрофлора во дигестивниот тракт.

Болки во грлото

Болки во грлото

Устата и грлото се портите кон телото. Важно е да ги одржувате здрави бидејќи играат клучна улога во варењето, дишењето и целокупното здравје.

Дијареја кај бебињата

Дијареја кај бебињата

Дијарејата може да се појави многу брзо. Бидејќи малите имаат поголем ризик да изгубат многу течности, клучно е да знаете како да се грижите за бебето во оваа ситуација.