Констипацијата е честа состојба кај возрасните која влијае на двојно повеќе жени отколку мажи. Често се дефинира како состојба со две или помалку празнења неделно. Иако е многу тешко да се идентификува точната причина, постојат неколку фактори кои можат да довадат на оваа состојба.
Начинот на живот може да игра значајна улога тука, на пример, недостаток на влакна во исхраната, дехидрираност, мала или прекумерна тежина или недостаток на вежбање. Нашите навики во тоалетот исто така можат да придонесат за појава на констипација, на пример, игнорирање на желбата за одење по нужда или недостаток на приватност при користење на тоалет. Одредени лекови може да предизвикаат симптоми на констипација. Конечно, психолошките фактори како што се стресот и вознемиреноста или промената на дневната рутина, исто така, можат да предизвикаат констипација.