Дијареја кај бебињата
Дијарејата може да се појави многу брзо. Бидејќи малите имаат поголем ризик да изгубат многу течности, клучно е да знаете како да се грижите за бебето во оваа ситуација.
Кога патуваме, сакаме да уживаме во слободното време. За жал, реакцијата на нашите тела на новата средина, вклучувајќи ја и храната, може да направи проблеми и да го расипе скапиот и долго очекуваниот одмор.
| Истражувачите открија дека еден специфичен вид бактерии обично се виновни за дијарејата кај патниците - Ентеротоксигена Escherichia coli (ETEC). Овие бактерии се колонизираат во горниот дел од цревата, создавајќи токсини што прават да се чувствуваме болни. Тие исто така предизвикуваат течностите и електролитите (минерали како натриум и калиум што помагаат во регулирање на многу функции на телото) да бидат излачувани во водена столица - уништувајќи ги нашите планови да се опуштиме на плажа, да посетиме музеј или да јадеме во егзотичен ресторан. |
Ризикот варира во зависност од регионот во кој патуваме. Колку е потропска и помалку развиена област, толку е поголем ризикот за дијареја на патникот. Најдиректен водич за тоа како да се спречи дијарејата на патникот е „гответе, сварете, излупете или не го подготвувајте“.
Во некои региони, патниците треба да бидат сигурни дека користат флаширана или зовриена вода за четкање на забите. Патниците исто така треба да избегнуваат коцки мраз во пијалаци во тропските земји. Зеленчукот треба да се готви, овошјето да се излупи. Покрај тоа, една од најважните хигиенски навики е миење на рацете по секоја посета на тоалетот.
Пробиотиците може да Ви помогнат да останете здрави за време на Вашето патување.
Повеќето патници ќе имаат симптоми два до четири дена - истите може да вклучуваат болки во стомакот, грчеви, претерани гасови, гадење, замор, губење на апетит, повраќање, треска и дехидратација.
Водената дијареја е исто така многу честа и може да биде придружена со повраќање и блага треска (под 39 °C). Важно е да се надоплонат изгубените течности и електролити со пиење повеќе течности (единствено запечатени или прочистени пијалаци). Оралните рехидратациски соли (ОРС) исто така можат да му помогнат на телото побрзо да се рехидрира. Внесувањето на пробиотици исто така може да помигнат за повторно балансирање на микробиотата, подобрување на симптомите и забрзување на закрепнувањето.
Покрај чекорите погоре, пробиотиците можат да се земат пред патување.
Со земање додатоци за микрофлората на цревата две недели пред патувањето, телото може да се зајакне за патувања со тоа што ќе се зголеми бројот на ендогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Доколку се продолжи со земање пробиотски додатоци за време на патувањето, тоа дополнително ќе ја поддржи колонизацијата на микрофлората - правејќи ги патниците среќни за време на патувањата.
Дијарејата може да се појави многу брзо. Бидејќи малите имаат поголем ризик да изгубат многу течности, клучно е да знаете како да се грижите за бебето во оваа ситуација.
Опкружени со други деца во детската градинка или во училиште, децата сигурно ќе доживеат напад на дијареја. Но, постојат неколку совети за домашна нега за време на дијареја.
И покрај тоа што од констипација може да страдаат многу деца таа и понатаму може да претставува непријатна тема. Овде разгледуваме кои се причините за констипација и што се препорачува во борбата против неа.