Дијареја кај бебињата
Дијарејата може да се појави многу брзо. Бидејќи малите имаат поголем ризик да изгубат многу течности, клучно е да знаете како да се грижите за бебето во оваа ситуација.
Секако, на бебињата им е потребна мала помош со ова на почетокот, а мајката тоа го прави со давање на дел од сопствената имунолошка одбрана на своето дете, позната и како пасивен имунитет.
Ова започнува додека бебето е сè уште во мајчината утроба, каде што преку плацентата му предава антитела на своето неродено дете. Потоа, за време на вагинално раѓање, новороденчето добива доза на бактерии од родилниот канал. Мајчиното млеко исто така обезбедува првично снабдување со антитела присутни во животната средина на мајката. Овој пасивен имунитет нуди основа за високо ефективната одбранбена мрежа на детето, која ќе го придружува цел живот.
Здравата и разновидна цревна флора не е важна само за варењето на храната, туку игра и клучна улога во развојот на имунолошкиот систем.
Одлучувачкото созревање на цревната флора започнува со самиот чин на раѓање, при што мајката ги пренесува бактериите од нејзината микробиота на доенчето кога тоа минува низ родилниот канал. По раѓањето, составот на цревната флора главно зависи пред се од исхраната на детето (доење или формула за доенчиња), но и од околината (присуството на браќа и сестри или домашни миленици).
Нарушувањата на цревната флора во раната детска возраст заради употреба на антибиотици може да се поврзат со здравствени несакани ефекти подоцна во животот, на пр. зголемен ризик од алергии, астма или борба со прекумерна тежина. Затоа особено е важно да се поддржи развојот на здрава цревна флора уште рано во животот на детето.
Мајката му дава на своето бебе многу повеќе од љубов, внимание и сигурност. Дури и пред раѓањето, разновидна и здрава исхрана може да влијае на одбраната на бебето и да допринесе за зајакнување на цревната микробиота на детето во првите години од животот.
Дополнувањето на цревната микробиота со пробиотици, како што е L. reuteri Protectis (DSM 17938), може да биде исто така корисно во текот на последниот триместар од бременоста.Дури и по раѓањето вие како родители можете да го поддржите развојот на цревната микробиота на вашите бебиња. Но како?
• Секој ден поминувајте малку време надвор на прошетка
• Погрижете се Вашето дете редовно и доволно да спие.
• Со воведувањето на цврста храна, интегрирајте многу овошје и зеленчук
• Поддржете го развојот на цревната микробиота на Вашето дете со секојдневно додавање на пробиотски производи, како што е L. reuteri DSM 17938 (Protectis), барем до навршување на првите две години од животот на Вашето дете.
Дијарејата може да се појави многу брзо. Бидејќи малите имаат поголем ризик да изгубат многу течности, клучно е да знаете како да се грижите за бебето во оваа ситуација.
Што се случува со цревната микробиота за време на бременоста и како тоа влијае на Вашиот имунолошки систем? Откријте како се развива имунолошкиот систем кај бебињата и која е разликата помеѓу специфичниот и неспецифичниот имунитет. Дознајте за пробиотскиот вид Limosilactobacillus reuteri Protectis и кои се негови придобивки. Изберете го вистинскиот пробиотик BioGaia за Вас и Вашето бебе.
Микробиотот во цревата го обучува имунолошкиот систем и игра клучна улога во создавање на нормални функционални механизми за имунолошка одбрана.