BioGaia – лидер во светот на пробиотиците повеќе од 30 години
Дознајте повеќе за BioGaia и Ewopharma.
Основана во 1990 година, BioGaia се базира на богато искуство во развојот, маркетингот и продажбата на пробиотски производи и поседува широка мрежа на независни истражувачи и експерти, специјалисти за производство и партнери за дистрибуција низ целиот свет. Педијатрите и другите здравствени работници во повеќе од 100 земји им веруваат и ги препорачуваат производи на BioGaia на своите пациенти. | Сите производи на BioGaia содржат Limosilactobacillus reuteri Protectis, сој на пробиотски бактерии кој ја одржува хармонијата на микробиотата во гастроинтестиналниот тракт. Како една од ретките бактерии што ко-еволуирале со луѓето од самиот почеток, Limosilactobacillus reuteri Protectis може да преживее во човечкиот организам и природно да го колонизира. Мисијата на BioGaia е успешно да придонесе за поддршка на здравјето и благосостојбата на оние со дигестивни проблеми со клинички докажани и корисни пробиотски производи кои прават вистинска разлика. За повеќе информации посетете ја www.biogaiagroup.com |
Евофарма претставува иновативен маркетинг партнер за позиционирање на пазарот на фармацевтски производи и производи за заштита на здравјето на потрошувачите во Швајцарија, Централна и Источна Европа.
Компанијата е активна во регионот повеќе од 60 години. Ewopharma поседува големо познавање на овие пазари и високи позиции на локалните пазари во наведените територии. Ewopharma претставува регионални и меѓународни фармацевтски партнери како нивен ексклузивен застапник и ги покрива сите аспекти на пристап до пазарите и комерцијализација на етичките фармацевтски производи и производите за здравје на потрошувачите.Во компанијата се вработени повеќе од 350 висококвалификувани кадри во над 15 земји. За повеќе информации посетете ја www.ewopharma.com.
Евофарма АГ Претставништво Скопје
Антон Попов 1-2/3
Скопје 1000
Tel:+389 2 511 35 99
info@ewopharma.mk