<

КОИ СМЕ НИЕ
Почитувањето на приватноста на поединците, вклучително и заштитата на личните податоци, е од суштинско значење за нас. Ние сме посветени на заштита на личните податоци и гарантирање на безбедност и доверливост.
Ние сме Евофарма АГ Претставништво Скопје, дел од групацијата Евофарма. Нашата адреса е Антон Попов 1-2/3 Скопје, Северна Македонија.

Нашите информации за контакт се: info@ewopharma.mk Телефон: +389 2 511 35 99 Податоците за лицето одговорно за заштита на личните податоци ( Офицер за заштита на лични податоци) се Антонио Николоски, dpo@ewopharma.mk .

Офицерот за заштита на лични на податоци на Групацијата може да се контактира на j.jameson@ewopharma.com


Кои лични податоци ги обработуваме?
Вашите податоци ги собираме и понатаму ги обработуваме во согласност со прописите, што го регулираат подрачјето за заштита на личните податоци. Доколку склучите договор со Евофарма АГ Претставништво Скопје ние ќе собираме лични податоци од вас како резултат на тој договор.
Доколку сме соработувале во минатото со вас или можеби ќе соработуваме со вас, ние ќе ги чуваме вашите лични податоци како дел од нашата листа на клиенти врз основа на легитимни интереси за кои би очекувале да добиеме податоци на овој начин и дека нашите интереси се усогласени.

Кога добиваме ваши лични податоци?
Ако добиете исплата или нешто друго во вредност од Евофарма АГ Претставништво Скопје ќе ги зачуваме вашите лични податоци согласно барањата за известување во рамките на иницијативите за транспарентност кои се однесуваат само на здравствени работници. Ние, исто така, можеме да ги добиеме вашите лични податоци од трето лице. Третата страна треба да ги почитува законите за заштита на податоците. Доколку сметате дека тоа не е така, ве молиме контактирајте со нас. Како фармацевтска компанија, ние ќе ги чуваме личните податоци во врска со вашето здравје, во случај да го пријавите вашето лично искуство со некој од нашите производи, бидејќи ние сме предмет на законските прописи за фармаковигиланца (безбедност на лековите) и го следиме безбедносниот профил на производите согласно позитивните законските прописи во Република Северна Македонија. Сите податоци ќе бидат чувани со соодветен степен на доверливост и заштитени. Евофарма АГ Претставништво Скопје го задржува правото да ве контактира со цел обезбедување на дополнителна информација за вашето лично искуство со некој од нашите производи.
Ако аплицирате за работа кај нас, ние ќе ги задржиме вашите податоци во период не подолг од 6 месеци. Податоците ги чуваме со цел на регрутација во случај да се појави друга слична позиција за која би можеле да бидете ангажирани.


Обработка на лични податоци, врз основа на легитимни интереси

Во Евофарма АГ Претставништво Скопје, Скопје обработуваме лични податоци во одредени случаи и според категоријата на лицата врз основа на следниве легитимни интереси:
- Подготовка за посета на здраствен работник и преглед на претходно остварена посета
- Подобрување на деловната комуникација со маркетинг содржини
- Обезбедување на функционирањето на информатичките системи, безбедност на мрежата и информациите (спречување на настани, незаконски или злонамерни дела што ја загрозуваат достапноста, автентичноста, интегритетот и доверливоста на зачуваните или пренесените лични податоци и безбедноста на сродните ИТ услуги), спречување на неовластен пристап до информатичките системите на компанијата за осигурување и реагирање на компјутерски безбедносни закани и инциденти


Трансфери надвор од ЕВОФАРМА АГ ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
Доколку Евофарма АГ Претставништво Скопје има договор со член на Европската федерација на фармацевтски индустрии, секоја од страните можеби ќе треба да ги пренесе личните податоци на здравствените работници. Вашиот формулар за согласност ќе содржи повеќе детали.
Доколку Евофарма АГ Претставништво Скопје е предмет на директно известување за барањата за трансфери на вредност на здравствените работници, Евофарма АГ Претставништво Скопје ќе ги задржи вашите податоци за известување во согласност со применливите закони. Каде што личните податоци од која било природа се пренесуваат надвор од Евофарма АГ Претставништво Скопје, Евофарма АГ Претставништво Скопје ги презема сите неопходни мерки за нивна соодветна заштита согласно законот за заштита на лични податоци. Доколку Евофарма АГ Претставништво Скопје ги пренесува личните податоци надвор од ЕЕЗ, ќе осигура дека претходно има добиено дозвола за преносот од страна на Агенцијата за заштита на лични податоци. Сите лични податоци собрани заради следење на безбедноста на лековите ќе бидат споделени во рамките на групацијата Ewopharma или со трети лица, како што се производители, носители на одобренија за ставање во промет на производот или здравствените власти, согласно ЕУ и локалната легислатива за фармаковигиланца (безбедност на лекови).


Колку долго ги чуваме податоците
Кога личните податоци се добиваат од вас врз основа на вашата согласност, тие ќе се чуваат само за тој временски период што е утврден во согласноста. Кога личните податоци се добиваат и се чуваат поради договорна неопходност, ќе се чуваат само додека трае договорот или друг временски рок утврден во договорот. Личните податоци кои се добиваат заради следење на безбедноста на лековите, извештаите се чуваат за период утврден со позитвните законски прописи, најчесто во период од најмалку 10 години по повлекувањето на производот во последната земја каде што производот се продава. За сите други ситуации, вашите лични податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно во согласност со применливиот закон, за решавање на спорови или строги критериуми развиени во рамките на групацијата за заштита на податоци. За специфични информации, ве молиме контактирајте не на dpo@ewopharma.mk .


Посетители на нашата веб страна
Кога некој ја посетува www.biogaia.mk, користиме услуга од трета страна, Google Analytics, за собирање на стандардни информации и детали за начините на однесување на посетителите. Освен приближната локација (IP адреса), информациите собрани од Google Analytics се претежно анонимни податоци за сообраќајот, како што се информации за прелистувачот, информации за уредот и јазикот. Ние не собираме дополнителни информации, како што се вашата возраст, пол, интереси или податоци за банките. Собраните информации се користат за да се обезбеди преглед на тоа како луѓето пристапуваат и ја користат нашата страница, со цел да ја подобриме нашата услуга и корисничко искуство. Не се користи за дополнителни цели, како што се прикажување на оние кои пристапуваат до нашата веб- страница. Ако не контактирате преку нашата веб-страница, ние ќе ги користиме информациите единствено со цел да одговориме на прашања/жалби или предлози испратени од вас. По завршувањето на вашето барање, вашите лични податоци ќе бидат уништени.


Веб страна или услуги на трети лица
Можете да изберете да пристапите до некои веб-страници и услуги на трети лица преку нашата веб-страница. Евофарма АГ Претставништво Скопје не сноси одговорснот за политиките на приватност или за објавена содржина на други веб-страници. Треба да се информирате на нивните веб-страници за нивната политика за приватност. Имаме профил/страница на Facebook/LinkedIn/Instagram која се однесува на нашите производи. Кога ќе одберете да споделувате информации со Фејсбук, информациите што ги споделувате ќе бидат регулирани со нивните политики за приватност. Веб сајтовите на овие социјални мрежи, исто така, може да споделуваат информации со нас и може да објавуваат информации за вашата посета на нашата веб-страна кај нив. Можете да ги менувате вашите поставувања за приватност со Фејсбук.


Користење на колачиња од Евофарма АГ Претставништво Скопје
Колачињата се мали текстуални датотеки што се ставаат на вашиот компјутер од страна на веб-страниците што ги посетувате. Тие се широко користени за да се направат веб-страниците да функционираат поефикасно, како и да обезбедуваат информации за сопствениците на страницата.


Вашите права
Ако личните податоци во Евофарма АГ Претставништво Скопје се обработуваат врз основа на согласност, поединецот може во секое време привремено или трајно да ја отповика својата согласност за обработка на лични податоци; поединецот исто така може да се спротивстави на обработката на лични податоци што се однесуваат на него за целите на директен маркетинг или да побара пристап, дополнување, корекција, ограничување на обработка, пренесување или бришење на лични податоци или да поднесе приговор против обработка на лични податоци што се обработуваат во врска со него, со писмено барање испратено на адреса: преку dpo@ewopharma.mk. Вашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката на лични податоци што била извршена пред Вашето отповикување. Ако се спротивставувате на обработката на лични податоци врз основа на нашите легитимни интереси, ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако не докажеме, во согласност со одредите на Законот за заштита на лични податоци, дека легитимните причини за обработка ги надминуваат Вашите интереси, права и слободи, или за остварување реализација или одбрана на правни барања. Исто така, би сакале да Ве потсетиме дека доколку сметате дека се прекршени прописите со кои се регулира заштитата на личните податоци, имате право да се обратите до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган за заштита на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.


Ажурирање на политиката на приватност
Евофарма АГ Претставништво Скопје го задржува правото, повремено да ја ажурира оваа политика за приватност. Било какви измени во оваа политика за приватност ќе влезат во сила на денот на објавувањето на веб-страницата www.biogaia.mk
Препорачуваме сите поединци на кои оваа политика се однесува редовно да ја разгледуваат истата

ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА

Што се колачиња (Cookies)?
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Овие текстуални датотеки можат да бидат прочитани од страна на веб страниците кои ги посетувате и да помогнат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата, а вообичаено ги содржат следните податоци:
- Име на серверот од кои се испратени колачињата;
- Животниот век на колачињата;
- Вредност – случајно генериран единствен број.

Колачињата сами по себе не содржат, ниту собираат информации, меѓутоа, ако серверот ги чита заедно со веб прелистувачот, тоа може да и помогне на веб страната да извршува повеќе услуги.

Овие текстуални датотеки можат да бидат постојани колачиња (persistent cookies), привремени колачиња (session cookies), сопствени (1st party cookies) и други колачиња (3rd party cookies).

Постојаните колачиња (persistent cookies) остануваат на Вашиот компјутер и кога ќе го исклучите пребарувачот (ќе преминете во офлајн состојба). Постојаните колачиња можат да останат на вашиот компјутер со денови, месеци, па дури и со години.

Привремените колачиња (session cookies) се со кратко времетрање и започнуваат во моментот на отворање на пребарувачот се до моментот на затворање на пребарувачот. Привремените колачиња се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.

Сопствените колачиња (1st party cookies) може да бидат привремени и постојани.

Другите колачиња (3rd party cookies) потекнуваат од други, партнерски веб страни, за следење на посетите и статистика на своите веб страни со употреба на аналитичка програмска опрема Google Analytics.

Колачињата се користат за повеќе цели, како на пример за да се запомнат Вашите активности и преференции (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или како да ви се прикажува страницата), за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациската историја на истата.

Каков вид на колачиња користиме?
Неопходни колачиња
Овие колачиња овозможуваат нормално функционирање на веб страната и нејзините основни функционалности. Без инсталирање на овие колачиња, не можеме да Ви обезбедиме непречен пристап до веб страната.

Колачиња за социјални мрежи, веб анализа и колачиња од трети страни
Овие колачиња овозможуваат работа со приклучување на социјалните мрежи Facebook и Twitter, а некои од нив ни овозможуваат да ја истражиме целта за употребата на нашата веб страна или вашето пребарување на други веб страници.

Контрола на колачиња
Вие сами одлучувате дали ќе ги користите колачињата. Во секое време може да ги избришете колачињата и да ги прилагодите Вашите пребарувачи да ги спречуваат колачињата
Можете да ги контролирате и менувате поставките за колачиња на вашите веб пребарувачи.

ПРАВНИ НАПОМЕНИ

Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook.

Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.


Официјалниот профил на Ewopharma Makedonija на Facebook може да се најде на следниот линк https://www.facebook.com/ewopharmamk/

Овде можете да најдете актуелни новости и информации за понудите и промоциите на www.facebook.com/ewopharmamk, и да ни кажете што мислите за нас. Ewopharmamk ги почитува правилата и условите за користење на Facebook (www.facebook.com/terms.php?ref=pf), и го задржува правото да ги отстрани постовите или коментарите со содржини што се:

• порнографски и незаконски

• заведувачки и неточни

• ги прекршуваат авторските или други права на компанијата

• Одобруваат или поттикнуваат незаконски активности

• содржат говор на омраза

• реклами или спам содржини со кои се вознемирува заедницата

• или други коментари кои сметаме дека не се тематски ниту интересни за нашата заедница

Лицата кои ракуваат со овој facebook профил се овластени од Евофарма АГ Претставништво Скопје за обработка на личните податоци. Истите се запознаени со техничките и организациските мерки на Евофарма АГ Претставништво Скопје и со Политиките и процедурите од системот за заштита на личните податоци.
Доколку имате потреба за остварување на некоја ваша потреба да споделите лични податоци, истото треба да се направи во минимум можен обем.

 

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/