Акутна дијареја кај возрасни

Скоро секој возрасен човек ќе има дијареја во одреден момент од својот живот. Дијареата се дефинира како три или повеќе ретки или течни столици на ден и обично поминуваат сами за неколку дена.

Голем број фактори влијаат на појава на дијареја - инфекција, алергии на храна или несакани ефекти на антибиотици или други лекови. Ваквите нарушувања во дигестивниот систем често ја нарушуваат рамнотежата на бактериите во цревата. Треска, болка во стомакот или грчеви често ги придружуваат случаите на дијареја. Тежината на дијарејата ќе варира од случај до случај - колку е потешка дијарејата, толку е поголем ризикот од дехидратација. Знаци на дехидратација кај возрасни вклучуваат потемна урина и поретко мокрење.

Третман на дијареја

Иако повеќето случаи на дијареја поминуваат по неколку дена, постојат низа работи што можеме да ги направиме за да се чувствуваме поудобно.

За да ја надополните водата изгубена за време на епизода на дијареја, клучот е да пиете доволно течности - најдобро би било вода и чај, бидејќи не се препорачуваат овошни сокови и газирани пијалоци. Покрај тоа, пробиотиците можат да помогнат во враќањето на рамнотежата на бактериите во дигестивниот тракт.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.