Да се биде бремена - сензација во животот

Гледањето на позитивниот резултат од тестот за бременост е еден од највпечатливите моменти за една жена. Од тој момент, нејзиниот живот се менува засекогаш, бидејќи гради врска со своето неродено бебе.  

Новите откритија укажуваат дека пренесувањето микроби од мајката веќе се одвива за време на бременоста, преку плацентарната бариера, што значи изложеност на бактерии за фетусот во развој. Бидејќи бурниот начин на живот и неурамнотежената исхрана може да влијаат врз мајчината микробна средина, неопходно е мајките да се грижат за себе за време на бременоста - за себе и за нејзиното бебе.  Пробиотиците можат да обезбедат дополнителна подршка.

Да се остане здрав за време на овој посебен период

Силлниот имунолошки систем помага бременоста да биде што е можно поудобна.

Важен дел од сложувалката на животот е храната и нејзиното варење. Околу 80 % од имунолошкиот систем се наоѓа во цревата. И храната што ја консумираат идните мајки им дава различни супстанции што придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем.

Водење грижа за цревата

За време на бременоста, женското тело се менува на многу начини. Овие промени се случуваат, помеѓу другото, во гастроинтестиналниот тракт.

Она што може да биде засегнато е цревната микрофлора на една бремена жена.

Покрај тоа, бремените жени треба да посветат посебно внимание на одржување редовни празнења на дебелото црево. Зголеменото внесување на вода и вежбање може да го подржат овој природен процес. Во случај на инфекција која треба да се лекува со антибиотици, цревната флора исто така може да биде засегната.

Поддршка за микробиотата по извршен царски рез

За време на вагинално породување, новороденчето доаѓа во контакт со богатство на бактерии, додека минува низ породилниот канал и вагината.

Овој трансфер на микроби е од корист за развојот на имунолошкиот систем на бебето. Сепак, оваа размена не може да се случи за време на царски рез, што може да доведе до промени во микробиотата на бебето.

Млечно киселинските бактерии можат да помогнат во модулирање на раниот развој на микробиотата кај бебиња родени со царски рез . Млечно киселинските бактерии исто така, можат да се покажат корисни за бебињата родени преку вагинално раѓање, зајакнувајќи ги добрите бактерии во нивниот гастроинтестинален тракт и поддржувајќи го развојот на подвижноста на цревата. 

 

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.