0+

BioGaia ProTectis капки со витамин Д

Капки за бебиња BioGaia Protectis со витамин Д се идеален начин да им се обезбеди на бебињата здрава доза добри бактерии за цревата и помош од витамин Д за силен имунолошки систем и развој на коските. L. reuteri Protectis (L. reuteri DSM 17938) е тестиран во повеќе од 135 клинички студии и докажано е ефикасен начин за дополнување на гастроинтестиналната флора. Исто така, докажано е дека е безбеден за бебиња и за деца. Со 10 µg витамин Д3, капките за бебиња BioGaia Protectis со витамин Д, исто така обезбедуваат добра доза на витамин Д, кој е познат по тоа што ја поддржува нормалната функција на имунолошкиот систем и е потребен за нормален развој на коските кај децата.

БиоГаја ПроТектис  + витамин Д главни карактеристики:

  • 100 % безбедни за бебиња од нивното раѓање 
  • Витаминот Д го поддржува имунолошкиот систем и развојот на коските
  • Погодни за долгорочно користење
  • Природно потекло – L.reuteri Protectis се добива од мајчиното млеко
  • Лесни за употреба - само пет капки дневно
  • Отпорни на најчестите антибиотици, ефективна колонизација за време на третманот со антибиотици

Сончогледово масло, масло со триглицериди со среден ланец (палмино јадро), L.reuteri DSM 17938 и витамин Д3.

Пет капки еднаш дневно. Една доза содржи минимум 100 милиони живи бактерии L.reuteri Protectis и 10 µg витамин Д3. Не ја надминувајте препорачаната доза. За да диспензирате, превртете ја тубичката надолу и притиснете многу нежно. Капките може да се даваат на лажица или да се додаваат во млеко, вода или било кој друг соодветен пијалак или храна. Капките нема да го променат вкусот на пијалакот или храната. Не додавајте во топли пијалаци или храна, и не внесувајте директно од шишенцето во устата, бидејќи тоа може да ги оштети живите култури. Овој производ не треба да се користи како замена за урамнотежена исхрана.

Да се чува на суво место, на собна температура (макс. 25 °C). Чувајте го садот затворен и проверете дали капачето е цврсто затворено. Откако ќе се отвори, шишенцето треба да се искористи во рок од три месеци. Чувајте подалеку од дофат на деца.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.