Среќен одмор

Кога патуваме, сакаме да уживаме во слободното време. За жал, реакцијата на нашите тела на новата средина, вклучувајќи ја и храната, може да направи проблеми и да го расипе скапиот и долго очекуваниот одмор. 

Порано мислевме дека дијарејата се предизвикува само од промена на водата за пиење, зачинетата храна или премногу сонце, но тоа повеќе не е така.

Истражувачите открија дека еден специфичен вид бактерии обично се виновни за дијарејата кај патниците - Ентеротоксигена Escherichia coli (ETEC). Овие бактерии се колонизираат во горниот дел од цревата, создавајќи токсини што прават да се чувствуваме болни. Тие исто така предизвикуваат течностите и електролитите (минерали како натриум и калиум што помагаат во регулирање на многу функции на телото) да бидат излачувани во водена столица - уништувајќи ги нашите планови да се опуштиме на плажа, да посетиме музеј или да јадеме во егзотичен ресторан.  

Можеме да го намалиме ризикот

Ризикот варира во зависност од регионот во кој патуваме. Колку е потропска и помалку развиена област, толку е поголем ризикот за дијареја на патникот. Најдиректен водич за тоа како да се спречи дијарејата на патникот е „гответе, сварете, излупете или не го подготвувајте“.

Во некои региони, патниците треба да бидат сигурни дека користат флаширана или зовриена вода за четкање на забите. Патниците исто така треба да избегнуваат коцки мраз во пијалаци во тропските земји. Зеленчукот треба да се готви, овошјето да се излупи. Покрај тоа, една од најважните хигиенски навики е миење на рацете по секоја посета на тоалетот.

Пробиотиците може да Ви помогнат да останете здрави за време на Вашето патување.

Што може да почувствувате?

Повеќето патници ќе имаат симптоми два до четири дена - истите може да вклучуваат болки во стомакот, грчеви, претерани гасови, гадење, замор, губење на апетит, повраќање, треска и дехидратација.

Водената дијареја е исто така многу честа и може да биде придружена со повраќање и блага треска (под 39 °C). Важно е да се надоплонат изгубените течности и електролити со пиење повеќе течности (единствено запечатени или прочистени пијалаци). Оралните рехидратациски соли (ОРС) исто така можат да му помогнат на телото побрзо да се рехидрира. Внесувањето на пробиотици исто така може да помигнат за повторно балансирање на микробиотата, подобрување на симптомите и забрзување на закрепнувањето.

Добри бактерии - Подготвено!

Покрај чекорите погоре, пробиотиците можат да се земат пред патување. Со земање додатоци за микрофлората на цревата две недели пред патувањето, телото може да се зајакне за патувања со тоа што ќе се зголеми бројот на ендогени бактерии во гастроинтестиналниот тракт. Доколку се продолжи со земање пробиотски додатоци за време на патувањето, тоа дополнително ќе ја поддржи колонизацијата на микрофлората - правејќи ги патниците среќни за време на патувањата. 

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.