Чести причини

Констипацијата е честа состојба кај возрасните која влијае на двојно повеќе жени отколку мажи. Често се дефинира како состојба со две или помалку празнења неделно. Иако е многу тешко да се идентификува точната причина, постојат неколку фактори кои можат да довадат на оваа состојба.

Начинот на живот може да игра значајна улога тука, на пример, недостаток на влакна во исхраната, дехидрираност, мала или прекумерна тежина или недостаток на вежбање. Нашите навики во тоалетот исто така можат да придонесат за појава на констипација, на пример, игнорирање на желбата за одење по нужда или недостаток на приватност при користење на тоалет. Одредени лекови може да предизвикаат симптоми на констипација. Конечно, психолошките фактори како што се стресот и вознемиреноста или промената на дневната рутина, исто така, можат да предизвикаат констипација.

Совети за констипација

За среќа, постојат некои препораки што можеме да ги следиме кога доживуваме констипација. Многумина започнуваат со зголемување на дневниот внес на влакна во форма на овошје, зеленчук и житни култури. Исто така, препорачливо е да пиете повеќе вода, како и да направите повеќе физички вежби како што се одење или џогирање. Констипација исто така може да влијае на концентрацијата на цревната микробиота. Затоа, она што исто така може да се препорача е зголемување на бројот на добри бактерии во гастроинтестиналниот тракт.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.