Limosilactobacillus reuteri дел од темелот на еволуцијата

Пред околу четири милијарди години, бактериите станаа првите форми на живот што се појавија на земјата и едноклеточните организми оттогаш само напредуваат. И покрај екстремните климатски услови, како што се вулканските ерупции и ледените доби, бактериите преживеале неверојатно долго време благодарение на нивната извонредна способност за прилагодување.

Бактериите што живеат во и врз човечкото тело и денес продолжуваат да се развиваат заедно со нас. Истражувањата покажаа дека бактерискиот сој Limosilactobacillus reuteri се има развивано со нас низ период од милиони години, доведувајќи да се прилагоди на својот домаќин за воспоставување успешна симбиоза. Limosilactobacillus reuteri се исто така едни од првите бактериски соеви што природно се создаваат во микробиотот на новороденчето.

Зошто Limosilactobacillus reuteri се толку посебни?

Специфичноста на сојот на која било бактерија ги утврдува нивните својства и начинот на дејствување.  

Како таков, секој сој е различен. Производите од BioGaia® содржат бактерии на соевите Limosilactobacillus reuteri од фамилијата Limosilactobacillus, поточно сојот Limosilactobacillus reuteri Protectis (DSM 17938). Човечкиот дигестивен тракт претставува природно живеалиште на овој сој, што го прави особено погоден за раст и развој во оваа област од телото. 

Безбедноста е на прво место – BioGaia и L. reuteri Protectis

Дали L. reuteri Protectis се безбедни? Со еден збор: да. Низ изминатите десет години, производите од компанијата BioGaia се тестирани во сеопфатни безбедносни студии со здрави новороденчиња, доенчиња и возрасни. 

L. reuteri Protectis исто така исполнува голем број клучни критериуми: тие се од човечко потекло, именувани се и класифицирани според правилна таксономија, се произведуваат во контролирани услови за да се отстрани контаминацијата, нивната безбедност е оценета и документирана во однос на целната популација и не содржат токсини или гени отпорни на антибиотици.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.