Деца 3-18 години

Child Care

BioGaia ProTectis таблети со вкус на лимон / јагода

BioGaia ProTectis таблети за џвакање е граничен производ што содржи L. reuteri Protectis, природен лактобацил, кој го помага возобновувањето на природниот баланс во цревата и одржувањето на истиот. L. reuteri Protectis е еден од нај испитуваните пробиотски ланци во големи клинички студии и е одобрен како ефикасен и безопасен производ за возрасни и деца вклучувајќи ги и новородените деца како и прематурните новородени деца. L. reuteri Protectis се пробиотски бактерии, патентирани од фирмата BioGaia. Бидејќи L. reuteri Protectis живее нормално во човечкиот организам, тој има уникатна способност да се адаптира да преживее во човечкиот организам. L. reuteri Protectis е исклучително пробиотска бактерија, поради нејзините докажани и документирани позитивни влијаниjа врз здравјето на човекот во многу области.

БиоГаја ПроТектис таблетите за џвакање се препорачуваат при:

  • Третман и превенција на констипација кај деца и возрасни
  • Третман и превенција на функционална абдоминална болка кај деца
  • Дополнителна терапија на антибиотско лекување
  • Дијареја
  • Подобрување на имунитетот
  • Помага во спречување на појава на егзема кај деца со атописка конституција
  • Кај деца и возрасни, како дополнителна терапија, го намалува присуството на helicobacter pylori
  • Помага во одржувањето на здравјето на устата и забите (L. Reuteri е единствен пробиотик присутен во усната празнина кој може да убие одредени видови бактерии кои предизвикуваат расипување на забите)

Lactobacillus reuteri Protectis 100 милиони (108) CFU Помошни супстанци: изомалт DC 100, изомалт DC 200, ксилитол, палмово масло, калциум стеарат, арома на јагода, армона на лимон, лимонска киселина (безводна)

1 таблета на ден за возрасни и деца. Таблетата треба да се изџвака или да се остави да се растопи бавно во устата во било кој период од денот. Важна е редовната употреба на таблетите.

Да се чува во оригинално пакување на суво место на температура до 25°С.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.