Имунолошкиот систем созрева со бебето

Кога децата доаѓаат на свет, нивниот нов имунолошки систем сè уште не е целосно созреан.

Додека нивниот неспецифичен имунолошки систем е веќе воспоставен, специфичниот имунолошки систем ќе продолжи да созрева во текот на детството. Првите 1000 дена од животот (од зачнувањето) се клучни во овој процес, бидејќи микробиотот во цревата се развива и ја поставува основата за имунолошката функција и здравјето во подоцнежниот живот.

Од зачнувањето па натаму

Секако, на бебињата им е потребна мала помош со ова на почетокот, а мајката тоа го прави со давање на дел од сопствената имунолошка одбрана на своето дете, позната и како пасивен имунитет.

Ова започнува додека бебето е сè уште во мајчината утроба, каде што преку плацентата му предава антитела на своето неродено дете. Потоа, за време на вагинално раѓање, новороденчето добива доза на бактерии од родилниот канал. Мајчиното млеко исто така обезбедува првично снабдување со антитела присутни во животната средина на мајката. Овој пасивен имунитет нуди основа за високо ефективната одбранбена мрежа на детето, која ќе го придружува цел живот.

Секој почеток е тежок

За време на овие први 1000 дена и повеќе, детските тела и нивниот имунолошки систем во развој постојано наидуваат на нови микроби - без разлика дали ќе биде контакт со браќа и сестри или други деца од групата за играње, дневна грижа или подоцна во училиштето.

Оваа постојана изложеност може да резултира со почести инфекции во раните години, при што просечното дете годишно доживува 6-12 од нив со симптоми на настинка. Меѓутоа, овие постојани средби помагаат да се изградат нивните имунолошки мемории како што имунолошките клетки од нивните тела учат од секој случај.

Улогата на системот на цревата

Микробиотот во цревата го обучува имунолошкиот систем и игра клучна улога во создавање на нормални функционални механизми за имунолошка одбрана.

Цревната флора, вклучително и бактериите како лактобацилите и бифидобактериите, започнуваат да се развиваат за време на раѓањето и набргу после тоа. Микробниот трансфер што се одвива за време на вагиналното раѓање значи дека бактериите веднаш започнуваат да го колонизираат новороденчето, овозможувајќи и на цревната флора еден тип на почетна помош. Додека пак, децата родени со царски рез често покажуваат разлики во цревната флора. Овде, пробиотските бактерии може да помогнат во одржувањето на соодветна концентрација на природниот микробиот во цревата.

Како можам да го поддржам имунолошкиот систем на моето дете?

Детските години се клучни за развојот на целиот имунолошки систем. Еве неколку совети како да го поддржите.

  • Урамнотежената исхрана со мешавина од сезонско овошје и зеленчук обезбедува многу хранливи материи за потребите на имунолошкиот систем на детето. Целите зрна содржат влакна што се корисни за нормалното функционирање на цревата.
  • Време поминато надвор! Свежиот воздух и многу движење се одлични за нашиот имунолошки систем, кој исто така се соочува со стрес.
  • Изложеноста не е секогаш лоша. На децата им е потребна одредена изложеност на надворешни агенси за да ја градат својата имунолошка меморија. Затоа, не дезинфицирајте сè.
  • Доволно спиење и паузи во текот на денот се клучни за намалување на стресот, овозможувајќи му на имунолошкиот систем да ја заврши својата работа.

Предупредување

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.