Пробиотик значи ''за живот''

Терминот се користи за опис на ''добрите'' бактерии и нивното значење за животот и нашето здравје. Зборот потекнува од грчките зборови pro”, што значи „за“  и “bios” – живот.

За да биде сметан за пробиотик, микроорганизмот треба да е жив и неговото значење за здравјето треба да е докажано за време на клинички истражувања. Пробиотиците независно дали се во форма на таблети или течности треба да ги содржат истите бактериски соеви и да се користат во истата доза која е користена во дадено клиничко истражување. Најчестите микроогранизми кои се користат во пробиотиците се млечно-киселинските бактерии како Limosilactobacillus reuteri Protectis.

Пробиотици - придружници низ животот

Микроорганизмите се дел од нас уште од раѓање, а нашите тела секојдневно работат на одржување соодветно ниво на цревните бактерии. Меѓутоа на нашиот микробиот може лесно да се влијае, особено кај мали деца и новороденчиња, и со тоа на нашите тела им е потребна помош и поддршка да ја надополнат микрофлората во цревата, на пример со земање пробиотици.

Но, не се сите пробиотици исти. Нашата мисија е да обезбедиме најтемелно истражени и најбезбедни бактериски соеви со највисок квалитет за Вас и Вашите деца.

Грижа за цревните бактерии

Во совршен свет, не би требало да внесуваме додатоци за нашата микрофлора. Ние ја примаме нашата прва доза на потребни бактерии за време на раѓањето, а потоа и од мајчиното млеко, како и кога јадеме природно ферментирана храна подготвена на традиционални начини и живееме „природен“ живот.  

Но, во нашиот брз индустријализиран свет, нашиот дигестивен систем постојано се бомбардира со алергени, хемикалии и потенцијално штетни бактерии преку нашата храна и пијалаци. Покрај тоа, одредени лекови, лоши навики во исхраната и секако стресот можат да влијаат врз нашата цревна флора. Со внесување на производи што содржат живи микроби, можеме да го одржиме вистинскиот број бактерии што ја сочинуваат нашата нормална микрофлора.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.