The information on this part of the website is intended only for health care professionals. I am an expert within the meaning of Act No. country xy. I herewith confirm that I am a professional according to this definition.
Unfortunately, as you are not a health care professional we cannot provide you this information.
Доколку детето има бактериска инфекција, лекарот може да му препише антибиотици за побрзо да оздрави. Додека антибиотиците играат клучна улога како лек за такви инфекции, важно е да се сфатат сериозно, особено кога ги земаат деца и адолесценти.
Родителите треба да бидат сигурни дека терапијата со антибиотици е во согласност со упатствата на пакувањето и да обрна внимание на несаканите ефекти кои се наведени. Покрај тоа, децата и адолесцентите треба да земаат антибиотици единствено кога лекарот смета дека е потребно за да оздрават. Непотребната и прекумерна употреба на антибиотици може да влијае врз природната микробиота, а исто така може да доведе и до резистентност на антибиотици.
Антибиотиците се исклучително добри во она што го прават - убивајќи ги бактериите што предизвикуваат болест или ги спречуваат да се размножуваат, така што телото може да се одбрани. За жал, тие исто така ги напаѓаат и ''добрите'' бактерии кое може да влијае на интестионалниот тракт и водат до други проблеми дигестивниот систем како што се дијареја, болка во стомакот, мачнина и повраќање.
Ако е потребна терапија со антибиотици во тој период би било корисно да се помогне на детскиот организам со употреба на пробиотици.
Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.