Симптоми

Поради исхраната на бебето, столицата може да се разликува по боја и конзистентност, и е многу помека од столицата кај возрасните. Ако одеднаш стане потенка и пофлуидна и / или почеста и во поголеми количини, може да претставува дијареја. Дијарејата се дефинира како три или повеќе течни столици за еден ден или почести движења на дебелото црево од вообичаеното (Извор: СЗО).

За жал, нема семејство каде немало дијареја или повраќање, што може да создаде многу непријатност. Предизвикувачи на овие симптоми можат да бидат различни работи, вклучително и вознемирен стомак или вирусни и бактериски инфекции. Кај инаку здраво дете, дијарејата обично е предизвикана од инфекција што предизвикува воспаление на желудникот и цревата, што се нарекува акутен гастроентеритис. Бебето може да покаже и други симптоми како што се повраќање, абдоминална болка и треска. Повеќето случаи не траат подолго од една недела, но важно е да се препознаат знаците што е можно поскоро, бидејќи нивните мали тела се изложени на зголемен ризик од дехидрираност за време на појавата на дијарејата.

Важно!

Родителите треба да побараат медицински совет ако бебето помало од шест месеци има дијареја.

 

Дехидратација - главниот ризик!

Бидејќи бебињата и малите деца можат многу брзо да дехидрираат, многу е важно да ги препознаете знаците на дехидрираност - обрнете посебно внимание на тоа како се однесува бебе или мало дете со дијареја.

Дехидратација се јавува кога телото губи повеќе течност отколку што внесува. Бидејќи дијарејата спречува цревата ефикасно да апсорбираат вода и соли, се јавува дехидратација. Знаци на дехидратација вклучуваат пасивност, поспаност и помалку влажни пелени. Родителите треба веднаш да посетат лекар ако бебе или мало дете покаже знаци на дехидратација. Тие исто така треба да го сторат тоа ако бебето има температура повисока од 39 ° C, појава на крв во столицата, силна болка во стомакот или ако симптомите траат подолго од 3 до 4 дена.

Што може да помогне?

Како прво, многу е важно да се спречи дехидрираност со доење на бебето или ако мало дете страда од дијареја, да му се дадат повеќе течности, по можност во мали и чести голтки.

Овошните сокови можат да ги влошат симптомите и треба да се избегнуваат. Веднаш штом ќе се врати апетитот на детето, родителите можат редовно да им даваат мали порции од нивната вообичаена храна (млеко или цврста храна). 

Она што исто така може да биде потребно за време на појава на дијареја е користење на пробиотици како Limosilactobacillus reuteri Protectis. 

Кога треба да побарате совет од педијатар?

Во многу случаи, не е потребно да се побара совет од педијатар. Сепак, треба да одите на лекар ако вашето дете:

  • има помалку од 6 месеци - веднаш одете на педијатар!

  • има проблеми со срцето и бубрезите, дијабетес, ако е родено предвреме

  • има температура над 39 °C

  • изгледа дехидрирано

  • има крв во столицата или кога повраќа

  • има силна болка во стомакот

  • има симптоми кои не се смируваат, повраќа 1 – 2 дена или има дијареја повеќе од 3 – 4 дена

Лекување на дијареја и повраќање

Ако детето има дијареја или повраќа, треба да зема лекови само ако ги пропише лекар. Сепак, родителите можат да преземат чекори за враќање на рамнотежата на цревната флора на детето со користење на производи на млечно киселински бактерии како што Limosilactobacillus reuteri Protectis, за кои е докажано дека ја враќаат природната бактериска рамнотежа во цревата и ја намалуваат сериозноста на дијарејата и повраќањето.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.