Бидете претпазливи

Доколку детето има бактериска инфекција, лекарот може да му препише антибиотици за побрзо да оздрави. Додека антибиотиците играат клучна улога како лек за такви инфекции, важно е да се сфатат сериозно, особено кога ги земаат деца и адолесценти.

Родителите треба да бидат сигурни дека терапијата со антибиотици е во согласност со упатствата на пакувањето и да обрна внимание на несаканите ефекти кои се наведени. Покрај тоа, децата и адолесцентите треба да земаат антибиотици единствено кога лекарот смета дека е потребно за да оздрават. Непотребната и прекумерна употреба на антибиотици може да влијае врз природната микробиота, а исто така може да доведе и до резистентност на антибиотици.

Ефект врз цревата

Антибиотиците се исклучително добри во она што го прават - убивајќи ги бактериите што предизвикуваат болест или ги спречуваат да се размножуваат, така што телото може да се одбрани. За жал, тие исто така ги напаѓаат и ''добрите'' бактерии кое може да влијае на интестионалниот тракт и водат до други проблеми дигестивниот систем како што се дијареја, болка во стомакот, мачнина и повраќање.

Ако е потребна терапија со антибиотици во тој период би било корисно да се помогне на детскиот организам со употреба на пробиотици. 

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање.