Што може предивискува констипација

Многу деца страдаат од констипација за време на детството и адолесенција. Во многу од случаите не може да се пронајде органска причина за појавата - оваа појава тогаш се нарекува функционална констипација.  

Кај децата и адолесцентите констипација може да се појави заради недоволно храна богата со влакна во нивната исхрана, мал внес на течности или терапија со некои лекови. Меѓутоа на дигестивен систем и цревната флора исто така под влијание и нашата емотивна и ментална состојба, а таа е подложна на подеми и падови во детство и адолсенцијата. Причинините за констипација може да се кријат во емотивен стрес, промена на околностите, патување или лошо расположение. 

Знаци на констипација

Повеќето од нас не се чуствуваат пријатно кога треба да зборуваат за празнење на цревата, додека децата и адолесцентите ретко сакаат да разговараат за проблемите кои ги имаат.

Покрај симптомите кои се манифестираат како помалку од три празнења неделно, добро е родителите да знаат кои се другите знаци на констипација. Тие знаци можат да вклучуваат надуеност на стомакот и болка, одложување на одењето во тоалет, па дури и избегнување одење во тоалет, траги од столицата на нивниот долен веш или напнување во текот на празнењето.

Што да правиме во случај на констипација

Констипацијата може да бара некои промени во исхраната на детето, како додавање повеќе храна богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук и мешунки.

Дополнително, родителите треба да ги охрабрат децата да пијат многу течности, идеално вода и да ја зголемат физичката активност. Констипацијата може да влијае и на цревната флора. Како идеја, би можело да се вклучат во исхраната пробиотски бактерии кои помагаат во колонизација во цревната микрофлора во дигестивниот тракт.

Предупредување !

Информациите за нашите производи дадени на нашата интернет страница се само краток опис за особините на граничните производи и нивното индикационо поле. За стручно и професионално мислење Ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Податоците на оваа оваа интернет страница служат само за информирање и истите не се наменети за промоција или рекламирање