<

Хранлива/квалитетна исхрана во зима: Јакнење на имунитетот и дополнување на цревната микрофлора преку здрави навики во семејството

Откријте го квалитетниот начин на исхрана во зима кој ќе го поттикне имуниот систем и со кој ќе изградите здрави семејни навики. Научете што се пребиотици и пробиотици, вклучително и за BioGaia пробиотските производи, и како да ги додадете во Вашата исхрана. Откријте кои се есенцијалните витамини и минерали за поддршка на имунитетот, и како да го додадете витамин Д3 со BioGaia. И на крај, испробајте го нашиот рецепт за топло чоколадо во супа од коски – вкусен/деликатесен и хранлив оброк за целото семејство.

Квалитетна исхрана во зима: Јакнење на имунитетот и дополнување на цревната микрофлора преку здрави навики во семејството

Удобни семејни вечерни часови покрај огниште/камин, забава на снег, растечени носови, сезона на грип, и секојдневни предизвици за нашиот имунитет – се’ е тоа во склоп на зимската сезона. Сепак, добро избалансирана квалитетна исхрана и здрави навики можат да дадат  ефикасна поддршка. Научете повеќе со нас и на крајот како мала награда подгответе хранлив оброк.

Да истражиме подетално како балансираната исхрана која вклучува употреба на специфични пробиотици како што е L.reuteri Protectis на BioGaia, може да го зајакне здравјето на Вашето семејство оваа зима.

Со овие 5 совети не ќе треба да одите на лекар! Или не?

Интернетот е преполн со совети за храна која го поддржува имунитетот, но вистинската поддршка доаѓа преку балансиран начин на исхрана. Нашиот главен центар на имуниот систем се:нашиот стомак, нашите црева, каде што разновидна група бактерии, вклучително и пробиотиците, играат клучна улога.

L.reuteri Protectis на BioGaia не е било кој пробиотик. Се истакнува со својата обемна научно докажана поддршка, со 258 научни студии кои ја потврдуваат неговата ефикасност и безбедност. Овој специфичен сој на пробиотик е особено важен заради неговата високо-научна релевантност редовно објавувана во медицинските списанија.

Баласирана исхрана, балансиран имунитет

Балансираниот начин на исхрана е особено важен во зачувување на нормалната функција на имуниот систем. Тука доаѓаат до израз дневните навики во исхраната.

Генерално, најважно е Вашата исхрана да биде разновидна и да содржи одредени витамини, минерали (особено витамин А, Б6, Б9 (или фолна киселина), Ц, Д, Е, железо, цинк, селен и бакар) и многу вода. Тоа значи да се јаде овошје, зеленчук, ниско-маслени протеини, интегрални житарици и да се употребуваат здрави масла како маслиново или масло од репка. Дополнително, внесувањето на BioGaia пробиотици, особено патентираниот L. reuteri Protectis  е значително корисно за благосостојбата на дигестивниот систем. Овие пробиотици освен што се ефикасни, истовремено се и безбедни заради нивното потекло од мајчино млеко, што ги прави производ од прв избор кај педијатрите и родителите.

Обезбедувањето на дневниот внес на витамин Д, кој исто така придонесува за нормална функција на имуниот систем се разликува. Најдобриот природен извор на витамин Д е сончевата светлина, поради што е познат и како витамин на Сонцето. За жал, во текот на зимските месеци, тоа е честопати недоволно. Затоа, од голема важност е употребата на BioGaia Protectis пробиотски капки со витамин Д3 за одржување на имунитетот на целото семејство.

Дополнување на цревниот микробиом

Корисно е да се вклучат и пребиотици и пробиотици во исхраната како дополнителни состојки за градење на имунитетот со што цревата ќе ја добиваат потребната количина на „корисни“ бактерии.

  • Пребиотици се несварливи состојки од храната кои ги хранат колониите на цревни бактерии. Тука спаѓа храна богата со растителни влакна и олигосахариди, како што се: кромид, лук, праз и банани.
  • Пробиотици се „живи микроорганизми кои кога се употребуваат во адекватни концентарции,  обезбедуваат здравствен бенефит за домаќинот“1 . Пробиотиците се наоѓаат во храна богата со живи активни култури (кефир, јогурт, ферментиран зеленчук, комбуха, кисела зелка). Ферментираниот зеленчук е особено важен додаток во исхраната во текот на зимските месеци и тоа заради ограниченото присуство на свежо овошје и зеленчук. Сепак, во сегашното модерно живеење, внесувањето на овој вид храна може да не е доволен. Затоа употребата на BioGaia пробиотските производи ќе помогне при збогатувањето на исхраната со млечнокиселински бактерии.

Поголем број хранливи производи обезбедуваат бројни корисни ефекти, како што спомнавме погоре, од особена важност е да бидат што е можно поразновидни. Одлична храна во зима се супите. Лесни се за подготовка, загреваат, една порција изобилува со многу хранливи состојки, и можат лесно и брзо да се прилагодат доколку им давате на Вашите најмали.  И, иако супите се фантастични, за Вас имаме уште еден совет.

Здравата храна може да биде вкусно уживање.

Пробајте го, на пример, топлото чоколадо во супа од коски. Не одбивајте пред да пробате. Ќе видите дека вреди!

Состојки за 4 порции

  • 2 чаши чиста супа од коски (најкорисна е направена од повеќе видови коски, без зеленчук и само прстофат сол)
  • 2 чаши полномасно млеко
  • 3-4 лажички какао во прав
  • 4 лажички мед (индивидуално е; прилагодете по Ваш вкус)

 

Дополнително/по Ваш избор:

  • 2 лажички цимет
  • ¼ лажичка кардамон
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Подготовка

  1. Загрејте ги супата и млекото до вриење
  2. Додадете како во прав, мед и зачини по Ваш избор
  3. Изматете со стапчест блендер, пробајте, додадете мед и зачини доколку треба, повторно изматете и послужете.

Уживајте во овој хранлив зимски деликатесен рецепт и запомнете да вклучите BioGaia пробиотици во Вашата исхрана како дополнителна поддршка на Вашиот имунитет.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

1 Организација за храна и земјоделство и Светска Здравствена Организација – стручна консултација. Проценка на здравствени и хранливи придобивки од млеко во прав и живи млечнокиселински бактерии. Кордоба, Аргентина: Организација за храна и земјоделство во Обединетите нации и Светска Здравствена Организација; 2001.