<

Каква е оправданоста од употреба на одредени пробиотски производи во бременост?

Сѐ повеќе е познато дека периодот од зачнувањето, самиот тек на бременоста, па сѐ до втората година од животот на детето се круцијални во неговиот развој, како и во одржување на неговото здравје.

Првите 1000 дена од животот се значајни за здравјето и одржување на благосостојбата на детето. Затоа, сѐ поприфатен е фактот дека суплементацијата со одредени пробиотски соеви, како L. reuteri Protectis DSM 17938, кој е изолиран од мајчино млеко, потребно е да започне уште во периодот на бременоста, за да се направи трансфер на корисните бактерии од мајката на бебето.

Порано се веруваше дека фетусот во утробата на мајката е стерилен и дека почетоците на колонизација започнуваат за време на породувањето и доколку истото се случува по природен пат, тогаш новороденчето ги добива сите корисни лактобацили, но доколку новороденчето доаѓа на свет по пат на царски рез, тогаш тоа останува осиромашено за тие корисни лактобацили и бифидобактерии.

Поновите студии одат во прилог на тоа дека фетусот е подложен на експозиција на бактерии преку плацентата.

Доколку бремената жена има неурамнотежен микробиот во цревата, тоа би можело да придонесе и до појава на одредени аномалии во цревата на новороденчето. Најчесто кај новороденчињата се појавува инфламација во цревата, абнормалности во метаболизмот, истекување на ферментирани несварени хранливи материи во цревата, пропустлива епителна бариера и сето тоа доведува до појава на колики (грчеви) кај новороденчето.

L. reuteri Protectis e пробиотски сој којшто може да предизвика почетна колонизација на гастроинтестиналниот тракт на новороденчето (доколку мајката се суплементира со пробиотски производи коишто во составот го содржат овој пробиотски сој DSM 17938).

Новороденчето се населува со корисни бактерии исто така, доколку на свет дојде по пат на природно (спонтано) породување, кога минува низ родилниот канал на мајката, или може да го добие овој корисен пробиотски сој од мајчиното млеко (доколку бебето се дои).

Сѐ пооправдана е употребата на пробиотици во бременостa, особено на оние пробиотски соеви со поизразени имуномодулаторни својства, како што е L. reuteri Protectis DSM 17938.

Во дел од клиничките студии, правени за превенција и заштита од инфекции, се прикажани резултати кои одат во прилог на тоа дека L. reuteri Protectis ја намалува фреквенцијата на денови со болест кај децата и кај возрасните и врши намалување на епизодите на дијареја, а води и до намалување на фреквенцијата на респираторни инфекции за 60 %.

 

 

Бременоста е период кога женското тело се менува во целост. Меѓу другото, настануваат промени и во гастроинтестиналниот тракт на мајката. Констипацијата кај бремените жени се јавува кај 50 % од нив и доколку се влоши може да доведе до појава на хемороиди.

L. reuteri Protectis може да помогне во надминување на констипацијата. Со клиничка студија е потврдено дека по 4-неделна употреба на пробиотик којшто содржи L. reuteri Protectis, бројот на празнење на цревата кај жените е зголемен за 56 %.

Исто така, потребно е бремената жена да превенира појава на несакани ефекти од антибиотската терапија бидејќи во текот на бременоста честопати бремените жени се третираат со антибиотици. Особено ако станува збор за некои уроинфекции, кои доколку останат нетретирани може да доведат до оштетување на бубрезите или да го зголемат ризикот од предвремено породување.

Иако антибиотиците се корисни во борбата со патогените микроорганизми, тие исто така се подееднакво ефикасни во убивањето и на корисните бактерии во цревата.

Антибиотиците може да доведат до нарушен цревен микробиот на мајката. Тоа може да се рефлектира негативно и на цревната микробиота на новороденчето, што може да доведе до намалена цревна одбрана и зголемен ризик од неонатална сепса.

Антибиотиците, исто така, знаат да доведат до појава на некои несакани ефекти,  како: гадење, повраќање, чешање на кожата или појава на кандида.

Заради сите горенаведени причини, суплементацијата со пробиотици треба да започне уште за време на бременоста и да продолжи до навршување на втората година од животот на детето.

 

Референци: Hanson MA et.al. International journal of Gynecology and Obsterics 2015:131 (SA)4:213-253

Koletsko B et.al.Ann Nutr.Metab.2017:161-169

Thum C,et.al.J Nutr.2012:142:1921-1928

Satokari R, et.al. Lett Appl Microbiol. 2009:48:8-12

Rautava S.J Dev Orig Heath Dis.2015:1-10

Tubelius P .et. al. Environmental Health 2005:4:25

Deshmuksh HS.Liu Y,Mentiki OR et.al. Nat Med 2014:20:524-530